Во официјалното соопштение објавено на интернет страната на Министерството за труд и социјална политика најавија решавање на т.н. проблем на околу 3000 лица кои според соопштението на министерството не биле евидентирани во Матичната книга на родени во Република Македонија.
Од Владата на Република Македонија е најавено дека ќе се зафатат со системско решавање на овој проблем кој бил евидентиран уште во 2011 година. Решавањето на проблемот ќе се реализира во повеќе фази.
За почеток од страна на Министерството ќе објават повик за пријавување на сите лица кои не се евидентирани во Матичната книга на родени. Повикот притоа ќе се однесува за сите лица кои се на територија на Република Македонија. Пријавувањето е предвидено да трае 6 месеци.
Од Министерството информираат дека во текот на овој период паралелно ќе се направат измени во Законите за вонпарнична постапка, Законот за матична евиденција и Законот за лични карти, живеалиште и престојувалиште.
Во меѓувреме ќе се подготват и обучат матичните служби, центрите за социјална работа и граѓанските организации кои го поддржуваат овој процеси, со цел да им се обезбеди навремена услуга на засегнатите граѓани.
Со овој процес се очекува да бидат опфатени околу 3000 лица.
По завршување на сите фази ќе се утврди точната бројка на лица неевидентирани во матична книга на родени. Тие ќе добијат привремен регистарски број со кој ќе добијат одредени права во делот на здравствена и социјална заштита и образование.
По однос на ова прашање на социјалните мрежи и воопшто во јавноста се појави сомнеж за вештачко менување на структирата на населението во поедини општини, како и на ниво на целата држава. Овие негодувања се должат пред се поради веќе познатата практика на доделување на над 100 илјади државјанства на граѓани од Косово во 1998 година од страна на тогашната Влада на Бранко Црвенковски и СДСМ, со што значително се промени структурата на населението во Македонија.
Одтука поради непостоење на поширок фронт на информации во јавноста како и механизми за институционална и граѓанска контрола на самиот процес во врска со најавената операција на Министерстовото за труд и социјална политика, граѓаните со право се загрижени за намерите на самото министарство.
Извор: mtsp.gov.mk и фејсбук.