• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

Дали можете да бидете хипнотизирани? Направете го овој тест и дознајте!

јули 7th, 2019 Магазин коментари 1285

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Дали можете да бидете хипнотизирани? Направете го овој тест и дознајте!

Хипнозата е ментална состојба (теорија на свесна состојба) или видови на однесувања (теорија на несвесна состојба) најчесто поттикната со постапка позната како хипнотичка индукција, која обично се состои од серија на претходни инструкции и сугестии. Хипнотичките сугестии може да ги зададе хипнотизер во присуство на субјектот („хетеро-сугестија“), или може да бидат самоуправувани („само-сугестија“ или „автосугестија“). Примената на хипнотизам за терапевтски цели се нарекува „хипнотерапија“.

Зборовите „хипноза“ и „хипнотизам“ потекнуваат од поимот „невро-хипнотизам“ (нервно спиење) кој го создал шкотскиот лекар и хирург Џејмс Брајд околу 1841 година, за да направи разлика меѓу својата теорија и практика и оние кои ги развил Франц Антон Месмер и неговите следбеници („месмеризам“ или „животински магнетизам“).

Иако има популарно недоразбирање дека хипнозата е форма на несвест која што наликува на спиење, современите истражувања покажуваат дека таа е всушност будна состојба со фокусирано внимание и зголемена сугестивност, а со намалена свесност за околината. Во првата книга за субјектот, Неврипнологија од 1843 година, Брајд го опишува „хипнотизмот“ како состојба на физичко олабавување („нервно спиење“), придружено со и поттикнато од ментална концентрација („отсутност“).

За хипнозата е потребна љубопитност и отворено размислување. Додека некои луѓе веруваат дека не можат да бидат хипнотизирани, можеби вистината е сосема различна. Секој е подложен на хипноза, разликата е само времето што ви е потребно за да влезете во состојба на транс.

Всушност, луѓето влегуваат и излегуваат од состојбата на транс во текот на целиот ден. Дали некогаш сте читале книга и времето како да ви „летнало“? Дали некогаш сте возеле и сте сфатиле дека не помните кога сте поминале некое место? Вие сте мечтаеле, и ако во тој случај пред вашиот автомобил истрчал некој, вие сепак би застанале, иако не сте целосно свесни за вашето опкружување.

 Како што се движите кон состојба на пониски мозочни бранови, можете да се почувствувате како да лебдите. Некои луѓе помнат сè што се случувало, додека кај други има заборавени периоди. И двете ситуации се во ред бидејќи секогаш има некој дел од вашата свест што слуша што се случува. Овој дел ги прави потребните промени во вашата потсвест. Оваа состојба може да биде многу релаксирачка. Често се губи смислата за време, па половина час може да ви изгледа како 5 минути.

Па, како да дознаете дали хипнозата ќе работи за вас? Овој едноставен тест ќе ви помогне во тоа. Прочитајте го целиот параграф пред да започнете со експериментот.

1. Седнете на тивко и удобно место и не ги прекрстувајте нозете. Вдишете длабоко неколку пати и обидете се да не мислите на денот. Скенирајте го вашето тело за да откриете каде има напнатост и обидете се да се ослободите од неа со дишење.

2. Испружете ги рацете напред во висина на рамената. Забележете дека се на иста висина пред вас. Затворете ги очите, вдишете длабоко неколку пати и бавно издишувајте.

3. Замислете си дека некој врзува балон со хелиум на едната ваша рака, додека става тешка книга во другата.

4. Замислете дека балонот ве крева нагоре, а книгата ве спушта надолу. Сега додајте уште еден балон и уште една книга. Замислете си како едната рака станува сè полесна, а другата сè потешка.

5. Продолжете да додавате книги и балони уште 3 пати. Сега отворете ги очите и погледнете ги рацете. Дали се на истата висина како на почетокот? Дали раката со балоните е повисоко?

6. Без разлика колкава е разликата во висината, ако навистина сте ги замислиле балоните и книгите, доволно сте љубопитни и со отворен ум за лесно да постигнете состојба на транс.

Хипнотизерот може да користи други техники за да го постигне ова. Сепак, за секој човек потребен е различен пристап. Најверојатно ќе почне со вовед, некој вид приказна што ќе ве опушти. Потоа може да користи одбројување или да ве замоли да замислите како се симнувате по скали. Во тој момент настануваат промените што сакате да ги направите. Хипнозата може да ви помогне во многу нешта:

  • Да се чувствувате задоволни со помали порции кога јадете.
  • Да останете смирени кога партнерот кажал или направил нешто лошо.
  • Да ги надминете мислите за прескокнување на вежбањето.
  • Да забележите кога сте под стрес и да се смирите.
  • Да се чувствувате смирено и самоуверено кога разговарате со личност која ви се допаѓа или пред некоја презентација.

Без разлика која е вашата ситуација, ако можете да ја замислите целта додека сте опуштени, вашиот ум ќе се насочи кон тоа. Секојпат кога го правите ова, ќе станете подобри во визуализирање на посакуваните резултати. Промените што ќе ги забележите ќе ве охрабрат. Потребен е само отворен ум и можностите се бескрајни.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Оsmia avosetta - Редок вид пчели кои имаат посебна дарба, прават прекрасни гнезда од цветови
Следна објава Мандела ефект - Дознајте нешто повеќе за сеќавањата на настани кои никогаш не се случиле
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 664
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 570
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 621
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 721
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 697
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 680
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 679
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 610
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 703
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

610
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2030
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Да се потсетиме на најубавите цитати од Македонската поезија
Магазин

Да се потсетиме на најубавите цитати од Македонската поезија

Дек 14th, 2019 4781
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
Пет дена до стартот на најголемата забава во Малешевијата-Фестивалот на трубите во Пехчево
Регион

Пет дена до стартот на најголемата забава во Малешевијата-Фестивалот на трубите во Пехчево

Јул 7th, 201920
Маестралната AKUA NARU (USA) на Д-фестивал во Дојран
Македонија

Маестралната AKUA NARU (USA) на Д-фестивал во Дојран

Јул 11th, 201919
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.