Во видео обраќање Министерот за финансии и Министерката за труд и социјална политика, на твитер објавија раст на платите во Република Македонија за месец мај споредено со ланската година од 7.1% на просечната нето плата.
За месец мај според кажувањето на Министерот Тевдовски просечниот износ на нето платата изнесувал 24.509,00 денари и тој бил за 1600 денари повисок од минатата година.
Дали и колку ваквите бројки им одат во прилог со животниот стандард на граѓаните, кој е во постојан подем со покачувањето на акцизата на навтата е прашање кој секое домаќинство треба сами за себе да го одговорат.
Проследете ја кратката пропагандна порака на двајцата министри.
Со @mila_carovska за растот на просечната плата од 7.1% (1600денари) во месец мај. pic.twitter.com/YmIZhogV91
— Драган Тевдовски (@DTevdovski) July 21, 2018