-“Мојот став е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија – не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес!”
Ова е најмоќната политичка изјава дадена од официјална државна институција против промената на уставното име на Република Македонија после која веројатно работите нема да бидат исти!
Веројатно оваа изјава ќе остане запишана со златни букви во историјата на овој напатен Македонски народ, без разлика на тоа каков ќе биде исходот од обидите на актуелната Влада предводена од Зоран Заев да го променат Уставот на државата.
Ќе ја повториме уште еднаш со големи букви: