Глобалната мрежа на македонски иселеници ширум Европа, кои се против актуелните политики на Владата предводена од СДСМ и ДУИ во Македонија, дава сесрдна поддршка на претстојниот протестен митинг на 2-ри Јуни против актуелните штетни политики кои се спроведуваат на надворешен и внатрешен план, со конкретни активности кои се спроведуваат веќе подолг период наназад.
Па така како поддршка на големиот протестен митинг кој ќе се одржи во Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ, поголеми протестни митинзи ќе се одржат и во Париз-Франција, Берлин-Германија, Лозана-Швајцарија, Виена-Австрија, Канели-Италија.
Според нашите информации добиени врз основа на контактите со дел од организаторите на овие протести, евидентетн е огромен револтот кај Македонската дијаспора против намерите на Премиерот Заев и Министерот за надворешни работи Димитров за менување на умето на државата како за надворешна така и за внатрешна употреба.
Сите наши соговорници кои ги имаме контактирано сметаат дека е луда намерата на моменталното раководство на Република Македонија да го промени Уставното име на Република Македонијуа, што го сметаат за погубен чин за целокупната иднина на Македонскиот народ и држава.
Истовремено од страна на овие наши сонародници расселени по целиот свет изразуваат безрезервна подршка и искажуваат охрабрување за сите заплашени и уценети Македонци ширум државата да го поддржат протестниот митинг со нивно присуство пред Владата на 2-ри јуни, со што ќе го изразато слободно своето несогласување со штетните политики на актуелната Влада на Република МАкедонија.