Во текот на вчерашнот ден своја кандидатура за градоначалник на град Скопје најави претседателката на Сојузот нз стопански комори на Македонија, Даниела Арсовска.
По тој повод таа беше гостин во централните вести на ТВ СИТЕЛ каде зборуваше за очекувањата и мотивите за токму таа да се кандидира за најпрестижната градоначалничка функција во Македонија.
Таа го изрази своето лично убедување дека очекува поддршка од сите граѓани на Скопје, како и сите политички партии и симпатизери на политички партии без разлика на нивната идеолошка определба.
“Јас лично како човек сум уморна од партизација и од поделбите во општеството и не треба да ги делиме скопјани. Јас ги повикувам сите скопјани да гласаат за мене без разлика на етникумот. Секој еден скопјанец кој што живее тука, за мене како иден градоначалник ќе биде подеднаков и ќе го добие подеднакво сето она коешто го заслужува како човек кој што живее тука и треба еднаш засекогаш да се знае дека градоначалникот треба да е сервис на своите граѓани. Треба да е човек кој што ќе делува и ќе работи за нивно и за заедничко подобро утре и за подобар град.”
-рече Даниела Арсовска во централното издание на дневникот на ТВ СИТЕЛ.
Целото гостување на Даниела Арсовска во вестите на ТВ СИТЕЛ може да го погледнете во продолжение


