Со Меморијалниот Ден во САД се одбележува значењето на американските војници кои што ги дале своите животи во служба на нивната земја. Овој празник се одбележува секоја година на последниот понеделник во месец Мај што се совпаѓа со периодот кога во поголемиот дел од САД се затоплуваат климатските температури а училиштата и универзитетите се подготвуваат за летниот одмор.
За Американците Меморијалниот Ден е неофицијален старт на летото. Многу луѓе присуствуваат на парати, одат на плажа или имаат заеднички ручек со пријателите и семејствата.
Но во својата суштина Меморијалниот Ден е ден преку кој што Американците оддаваат почест на жртвата на оние кои што ги дале своите животи за време на воена служба во име на својата земја.
Извор: SHAREAMERICA


