• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Денес е роденден на Методија Андонов- Ченто: трговец, револуционер, претседател, маченик…

август 17th, 2021 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 802

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Денес е роденден на Методија Андонов- Ченто: трговец, револуционер, претседател, маченик…

Методија Андонов Ченто е олицетворение на вековната борба на Македонскиот народ за своја слобода и независност.

Со својот горделив и нескротлив дух Ченто е светол патоказ за непрекинатата борба за слобода на Македонскиот народ веќе цели 7 децении

Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп. Потекнува од работничко семејство. Уште од млад Ченто ја осетил жестината на потта на своето чело работејки аргат на прилепските тутунски и афионски полиња.

Младиот Методија со неговите родители- Татко му Андон и мајка му Захарија фотографирани во Прилеп 1919 година

Успеал да заврши средно трговско училиште во родниот Прилеп по што во 1926 година отворил своја бакалница во прилепската чаршија. Во периодот што следувал помеѓу двете светски војни младиот Ченто бил финансиски добростоечки локален трговец. Уште од најрана возраст кај него се јавува чувството дека има потреба да се спротивстави на неправдите наметнати врз народот од страна на српскиот крал во Вардарска Македонија.

 На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова.

Ченто со својата фамилија.
Сопругата Василка,синовите Илија,Андон и Владимир(Бебчо) и ќерката Марија. 

Во предвечерие на Втората Светска Војна во 1936 година Ченто за првпат се активира политички на изборите за пратеници како заменик кандидат. Во 1938 година повторно учествува но сега како кандидат за пратеник, при што е избран од страна на народот, но поради државна манипулација со избирачките резултати не успева да стапне во народното собрание. во 1940 година бил еден од организаторите на Илинденските протести во Прилеп, бил поборник за зачувувањето на Македонскиот говорен јазик, но и во училиштата каде властите наметнувале српски јазик. Поради оваа своја анти кралска политика дој бил осуден на смрт со стрелање во 1941 година, но во последен момент се спасил.

По окупацијата на Вардарска Македонија од страна на Бугарскиот фашистички окупатор веднаш добил понуда да биде дел од нивната власт во Македонија, но најдиректно ги одбил. Поради неговото политичко влијание во Прилеп бил интерниран од страна на фашистичката власт во село близу бугарско-турската граница.

Откако по интернацијата успева да се врати во Прилеп, добива повик од Генералниот штаб на НОБ да се приклучи на движењето и револуционерната борба. По подолго убедување од страна на неговиот близок сограѓанин Кузман Јосифовски Питу Ченто станал дел од Генералштабот на антифашистичката борба.

Како дел од Главниот штаб на НОБ, учествува во подготовките за свикување на АСНОМ како дел од иницијативниот одбор.

На една од седниците на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ како Претседател, Ченто ја започна седницата со зборовите: „Сега градиме македонска држава и ќе ја изградиме”, а потоа постави реторичко прашање: „А како ќе се вика таа држава?” и одговори: „Разбира се – Македонија. Дали некој има подруго мислење?” Сите присутни одобруваа.

Во мај 1944 година Ченто заедно со Мануел Чучков и Кирил Петрушев заминува на островот ВИС на состанок со Тито каде Ченто го наметнал прашањето за обединување на Македонија во нејзините етнички граници. Тито начелно се согласил на ова барање на Ченто, но не го сметал за приоритет.

По враќање во Македонија продолжиле подготовките за Првото заседание на АСНОМ кое се одржува на 2-ри Август 1944 година во Манастирот Прохор Пчински. По отварање на заседанието од страна на Панко Брашнаров, за Претседател на АСНОМ е избран Методија Андонов Ченто, што во историски контекст се смета дека со тоа е избран за прв претседател на Македонија.

На чело на ослободителната колона се Претседателот Методија Андонов – Ченто, Генералот Михајло Апостолски и Димитар Влахов…

Поради неговите суверенистички ставови и несогласувањата со највисоките функционери на комунистичкиот апарат во Македонија кои биле во дослух со Белград, Ченто пополека бил изолиран во раководството на АСНОМ, по што морал да си даде оставка, со цел да се повлече од политичкиот живот во родниот Прилеп.

Но комунистичкиот апарат се уште го сметал за закана за нивните политики по што му подготвиле епизода која што ќе биде кобна за Претседателот Ченто.

Под конструкција дека подготвува бекство во Грција Ченто бил уапсен и подложен на политички монтиран процес во 1046 година.

При сослушувањето во истражниот затвор – август 1946

“Пред својата совест не се чуствувам виновен, бидејќи и не сум мислел да работам против интересите на југословенските народи.
Обединувањето на македонскиот народ го сметам за последен долг кон својот народ, кој е многу измачен, особено со поделбата на Македонија на три дела во 1912 година. Заради тоа доколку решев и успеев да се префрлам во Америка, и ако ми се дадеше возможност тој свој политички став и јавно би го изнел, пред Обединетите Нации и Мировната конференција, со цел да допринесам за обединување на македонскиот народ“

Во ноември 1946 година се одржа судење по сценарио на Видое Смилевски-Бато, во кое обвинението го читаше Благоја Попоски и му судеа Коле Чашуле и Лазар Мојсов, заедно со Панта Марина.
Беше осуден на 11 години затвор со присилна работа и потоа 5 години губење на граѓанските и политичките права.
Во затворот остана 9 години и 50 дена, од кои 59 месеци во потполна изолација.
Во затворот боледуваше од хронична анемија, му беше ускратувана лекарска помош и како последица на тоа се разболе од рак на желудникот и почина на 24 јули 1957 година, кога неговиот град, и покрај сите забрани од Комунистичката партија, достојно го испрати до вечниот дом.“ 

Изнемоштеното тело на Методија Андонов Ченто во затворот во Идризово

По кажување на Мехмед Али Осман пријател на Ченто од затворот Идризово

СВЕДОШТВО 1:
“ Ченто беше голем човек и визионер. Го почитуваа сите во затворот, за секого имаше убав збор и добар совет. За Македонија тој беше втор човек по Тито, но во затворот беше достоинствен, работеше како сите други, јадеше што јадеа другите и стамено одбиваше милостиња, дури и од еден Лазар Колишевски, кој беше претседател на Народна Република Македонија.
Се сеќавам еден ден дојде Лазар Колишевски, во Идризово, во 1953 г., заедно со Глигор Зафировски, управник на затворот. Дојде кај Ченто и му зборуваше нешто за помилување. Овие зброви ќе ги паметам додека сум жив. На зборовите за помилување, Ченто свика: “Кога не бев за осудување, ме осудивте на 10 години. Што барате сега? Милост не сакам! Сте ме осудиле на 10 години – 10 години ќе одлежам! Не ми треба помилување! Ќе одежам до ден колку што ме осудивте!” така му рече на еден Лазар Колишевски, претседател на Народна Република Македонија, стамено и гласно, како маж! Тоа секој не може да го каже. Тоа беше голема храброст. Во тоа време немаше правда. За ништо ќе ти го удреа пендрекот. Колишевски молчеше. Ја спушти главата и молчеше. Кога си замина очите ми се наполнија со солзи, но од друга страна, ми дојде некаква храброст. Само му реков “А бре, чичко Ченто, да се сите како тебе, оваа земја поинаква ќе биде” . Видов дека и нему му се насолзеа оите. Ме пргрна, ме погали и ништо не рече.”
ЕТЕ ТАКОВ ЧОВЕК БИЛ ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА. 

По кажување на Мехмед Али Осман пријател на Ченто од затворот Идризово.

СВЕДОШТВО 2:
“Се случи еден ден, додека работевме. Малтерџиите ја наполнија таргата, а чичко Ченто беше малку оддалечен од мене. Беше постар, па воспитанието и почитта не ми дозволуваа јас него да го повикам да ја крене. Почнав самиот да го влечам коритото, да го доведам докај него, па оттаму да продолжиме да го носиме. Додека го правев тоа, ме здогледа еден од стражарите што не чуваа наоколу, застанати со шмајзери – Дане, Русе и Бошко. Едниот од нив свирна со свирчето и свика по мене, да појдам кај него. Беше лут зашто го влечам коритото, дека не сум го викнал Чентота да крене. Чичко Ченто беше осетлив човек. Кога ме виде дека тргнав, ме грабна за раката, ме повлече зад себе и ми рече да запрам. Знаеше дека чуварот ме повика за да ме удри. Се спротистави и му рече: “Остави го него. Ако треба некого да удриш, прво мене ќе ме удриш. Немаш право да го удриш зашто не ме викнал мене да кренам”. Тоа ми остана во сеќавање до денес. Поминаа речиси 55 години и тоа ми е уште во мислите. Човекот стана да ме одбрани, без разлика што сум јас Турчин, муслиман, а тој беше православен” 

По излегувањето од затвор ченто за себе вели:

“Загубив се,материјално пропаднав,мојата политичка кареира ја започнав како чорбаџија а ја завршив како слеп сиромав.
Децата се веќе 10 години без моја помош и лишени од помошта на заедницата поради мене.
Му наредиов на синот да прекине со студиите од економски причини. Жената ја упропастив наполно и таа се разболе.
Изгубив 9 години личен живот, истргав најмизерни понижувања, осуден сум за тоа што не сум го сторил,од глад сум паѓал во несвест,сум издржал 9 години казна,ќе излезам поголем злосторник од германските гестаповци кои го запалија целиот свет.
Од сето тоа ми остана човечкото достоинство, и тоа сакаат да ми го земат.
Јас не жалам оти ќе умрам, само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на Македонскиот народ треба да ги одбележи,не затоа што јас сум учествувал во тие настани,треба да знаат како се одвиваала борбата за нашата слобода и да знаат кој и зошто гинел и кој што направил за неговоата слобода.“

Ченто умира на 24.07.1957 година во својот дом како последица од рак на желудник со кој се здобил поради измачувањата од комунистичките власти во затворот во Идризово.

По неговата смрт самото спомнување на името на Методија Андонов Ченто било табу тема, забрането и осудено на прогон.

Во 1990 година по барање на неговиот син Илија повторно е обновен судскиот процес против Ченто, при што се отфрла казната која што му била изречена во 1946 година.

На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија посмртно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Демант на МВР за наводен прифатен центар за бегалци од Авганистан во Гази Баба
Следна објава Кој вели дека сите бегаат од Македонија? Еве Авганистанци доаѓаат! Зголемен бројот кој треба Македонија да го прими
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 648
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1012
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1012
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 658
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 634
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 856
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 648
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1118
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 589
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

677
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1978
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.