Американската амбасада во Скопје денеска на својата фејсбук страница објави кратко соопштение со кое ја соопшти веста дека тешки бомбардери од типот Б-52 ја прелетувале територијата на сите НАТО нации.
САД се посветени на безбедноста на НАТО алијансата и нашите глобални партнери. САД рутински оперираат низ целиот свет и се флексибилни и агилни да одговорат на промените на оперативната околина. Денешниот лет на Б-52 бомбардерите над сите НАТО нации ја покажуваат посветеноста на САД. #СитеСмеНАТО
-напишаа на фејсбук од администрацијата на американската амбасада во Скопје.


