На денешен ден- 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, каде покрај домаќинот биле присутни Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Андон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.
“По повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, на 23 октомври 2021 година (сабота), во 10:00 часот, собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Даниела Николова и Иванка Василевска, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје,”
-информираат од собраниската прес служба.