• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Девет теракотни икони од Виница на изложба во Ашмолијан музејот

октомври 21st, 2017 Регион коментари 1214

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Девет теракотни релјефни икони од Виница, кои се дел од една од најрепрезентативните збирки на Археолошкиот музеј на Македонија, ќе учествуваат на светската изложба „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ која денес ќе биде отворена во музејот Ашмолијан на Универзитетот во Оксфорд.

 Нашето учество на оваа светска изложба, според нејзиниот споменичен, уметнички, верски и интелектуален потенцијал, е значаен придонес за афирмацијата на македонското културно наследство, а особено фактот дека тие ќе бидат претставени во најстариот универзитетски музеј на светот – Ашмолијан во Оксфорд, соопшти Археолошкиот музеј на Македонија.

Соработката со тој познат музеј на археологија во Обединетото Кралство ја помогнаа министерствата за култура и за надворешни работи на Република Македонија, Македонската амбасада и Фондацијата „Кирил Трајковски“ во Лондон.

– За дадениот придонес во реализацијата на претставувањето во музејот Ашмолијан, Археолошкиот музеј на Македонија посебно се заблагодарува на: Весела Честоева, надворешен соработник и поранешен директор, Славица Вајт, претседател на Фондацијата „Кирил Трајковски“, Љубинка Џидрова, кустос советник и комесар на изложбата, на вработените во Археолошкиот музеј на Македонија кои директно или индиректно помогнаа во изборот и подготовката на експонатите за изложбата, како и на Музејот на Македонија и Музеј Теракота од Виница кои несебично го отстапија материјалот за изложбата, соопшти Археолошкиот музеј.

Релјефните теракотни икони од Виница се уникатен споменичен вид. Збирката била многупати претставувана во многу музеи во светот. Откриени се во раните 1980-ти години при археолошките ископувања на локалитетот Кале кај Виница. Релјефните плочи беа предмет на проучувања и претставување од наши истражувачи, кои до денес успеаја да ги идентификуваат во нивниот полн дијапазон и од сите верски, историски и културни аспекти, со оглед на специфичната формулација на нивниот иконографски и верски концепт.

Изложбата „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ во оксфордскиот музеј ќе биде отворена за посетители од 19 октомври до 18 февруари 2018 година.

Извор: Cooltura.mk

 

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните мора да се изјаснат за штетниот договор со Бугарија
Следна објава Тешка сообраќајка во Кочани, загина возач
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 415
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 607
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 565
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 657
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 572
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 465
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1478
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 401
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 632
Жена на денот
Кели Брук- модел кој плени со своите облини

Кели Брук- модел кој плени со своите облини

2041
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1070
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201822
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.