• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Димче Арсовски: Македонија мора да се рестартира и да тргне напред

јули 28th, 2019 Македонија, Политика коментари 705

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Димче Арсовски: Македонија мора да се рестартира и да тргне напред

Денеска на прес конференција Димче Арсовски-Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ со неколку поенти ги обзнани разликите на нивниот предлог закон за Јавно обвинителство и оној предложен од владата на Зоран Заев.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата од штабот на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се води од принцип на владеење на правото, почитувањето на законите, почитување на Уставот, меѓународното право.

ВМРО-ДПМНЕ има предлог закон за јавно обвинителство кој што го образложивме вчера на прес конференција од страна на претседателот Мицкоски, кој што е достоен и подготвен да биде во функција на бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција, кои што во моментот во државата се случува на ангро.

Овој закон е реформски и значи неселективна правда за граѓаните.

Најпрвин фузијата на двете обвинителства е сугестија на ВМРО-ДПМНЕ во текот на преговорите на работните групи и тоа е прифатливо.

ВМРО-ДПМНЕ е против грубо кршење на законот Катица Јанева да биде унапредена во Републички Јавен обвинител, односно да добие неколку скалила повеќе. Сите обвинители од дувлото на непотизам наречено СЈО, во кое што во моментов е такво какво што е, каде што работат снаи, ќерки, синови, внуци роднини, пријатели на обвинителите и на СДСМ, треба да се вратат во матичните обвинителства односно институции, од онаму каде што дошле, па дури потоа да конкурираат доколку исполнуваат услови и доколку се квалитетни. СДСМ со нивниот предлог закон сака да ги унапреди своите и роднините на обвинителите од СЈО, што е грубо кршење на правото и потценување на интелигенцијата на народот.

Бараме детална истрага за срамниот случај „Рекет“, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, дали и колку е инволвирана во целиот случај, која е нејзината релација и врска со двајцата осомничени кои се наоѓаат сега во притвор, но не и помалку значајна нејзината релација со определени псевдоними за кои што јавноста веќе шпекулира, а кои што се дел од раководството односно од врхушката на власта на СДСМ. И врапчињата веќе знаат кој се е вмешан во „Рекет“, само Јавното обвинителство во моментов молчи и не презема никакви чекори. Дури потоа обвинителите од СЈО ако не се инволвирани во случајот „Рекет“ ќе може да конкурираат за во новото обвинителство притоа исполнувајќи ги другите услови кои што ќе бидат поставени и согласно законите кои што ги предвидуваат за јавен обвинител.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за транспарентен процес на избор на најквалитетните луѓе коишто треба да бидат истражители или друг тип на административен кадар во рамките на новото обвинителство.

Бараме сите предмети од процесите коишто се започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 година, истите да бидат превземени од новиот обвинител којшто ќе го води обвинителството, притоа почитувајќи го Уставот и законите. ВМРО-ДПМНЕ се залага сите тие предмети во фаза во која што се, дали е доказна постапка, дали е распит на сведоци, дали се завршни зборови или некоја друга фаза од текот на постапката, да ги преземе државниот јавен обвинител и истите да се прераспределат согласно процесите и советите на експертската јавност, онаму каде тие дела истите припаѓаат и треба да припаѓаат.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува финансиска независност за целокупното Јавно обвинителство и тоа од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, кој што се гласа секоја година, да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се сложи со предлог закон на СДСМ кој има две единствени цели и е правен со две неискрени намери од страна на Заев и на власта. Првата е пресметка со политички неистомисленици во случајот како што гледате изминатите години со ВМРО-ДПМНЕ односно со опозицијата, и втората заштита на криминалот на сегашната врхушка на власт односно сегашното раководство, кога ќе се сменат политичките прилики, а тоа ќе биде многу скоро во нашата држава.

Намерите на СДСМ и Зоран Заев се се но само не се искрени. Тие само сакаат да се амнестираат и да се заштитат по падот на власта на СДСМ.

Македонија мора да се рестартира и да тргне напред. И тоа уште веднаш!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ова е мојот Ерусалим, моето место за аџилак....
Следна објава Поранешниот басист на Лед Цепелин, Џон Пол Џонс, го претстави новиот проект Sons Of Chipotle
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 531
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 526
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1144
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2042
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201923
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201822
Ратко Димитровски оствари средба со пензионерите
Македонија

Ратко Димитровски оствари средба со пензионерите

Окт 6th, 201720
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202120
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.