Димитар Апасиев посочи на веќе очекувани факти од страна на власта кон судиите во Уставниот суд. Тој ги повика и новинарите да го истражат сето ова, посебно наводните притисоци врз судиите.
“Имам сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница. Срамен ден за владеење на правото, ова е политичка одлука на судиите. Да се испита можното сценарио што еден од судиите го кажа, дека судии биле повикани на разговори, да видиме кој ги повикал и им влијаел. Ние остануваме на ставот за бојкот.”
-Изјави Апасиев.