• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Димитар Димовски: ДИЈАГНОЗА – КОЛЕКТИВНА ДЕПРЕСИЈА

декември 6th, 2018 Македонија коментари 921

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Неподносливоста на секојдневието кај нас, ја доживува својата кулминација во последниот период. Повеќе од ретки се луѓето со кои кога и да се сретнеш или слушнеш, се добро расположени или насмеани. Напротив, речиси секој личи како да ги живее последните денови од својот живот и како едвај да чека да дојде последниот ден. Како на сите да им паднал мрак на очи, како да им натежнале темни облаци на плеќите. Црнила ни е денот, по црн од најцрната ноќ. Дијагнозата, несомнено е, колективна депресија. Изгубена надеж и потрошен живот во безидејно лутање во апатијата.

Кај оние кои со половина уста се обидуваат да се насмевнат, опстојува надежта дека можеби ќе успеат да се иселат, да си ја најдат среќата негде што подалеку од тука. Тие барем живеат со некаква надеж, па макар и лажна.

А, не беше така. И не мораше да заврши вака. Се можеше да биде поинаку, да бидеме по среќни, задоволни, со помалку проблеми и подобри услови за живот. И да не се надеваме дека што подалеку од овде, толку подобро.

Секој има своја причина да биде во депресија. Или повеќе причини. Најчесто, оправдани.

Го сменија името – депресија.

Се откажаа од идентитетот – депресија.

Ништо не функционира – депресија.

Излажаа за се што ветија – депресија.

Казнуваат на секој чекор, секоја фирма – депресија.

Воздухот е загаден – депресија.

Лебот поскапува – депресија.

Не задолжија со една милијарда евра – депресија.

Укинаа додаток за трето дете – депресија.

Го поскапеа дизелот – депресија.

Нема плата 500 евра – депресија.

Ама си делат илјадници евра стипендии на сопствените деца – депресија.

На докторите и медицинскиот персонал нема покачување на платите – депресија.

На наставниците нема поголеми плати – депресија.

Пензионерите немаат поголеми пензии – депресија.

Седнаа во удобни фотељи и го заборавија народот – депресија.

Ги вработуваат своите најблиски или лични придружнички – депресија.

Откуп на јаболкото за половина денар за килограм – депресија.

Притисоци и бркање од работа – депресија.

Пропаѓаат мали фирми – депресија.

Блокирани улици – депресија.

Болниците без реагенси и лекови – депресија.

Клинички центар е во тотален хаос – депресија.

Го даваат државното здравство на приватници за лично богатење – депресија.

Тендери во четири очи – депресија.

Поделба на милиони евра на луѓе блиски до власта за наводни иновации – депресија.

Се прислушкуваат телефони на институции – депресија.

Можеби и мене ме прислушкуваат – депресија.

За изразен став на фејсбук, те викаат во полициска станица – депресија.

Протестираш на улица, по што ти прават претрес во домот – депресија.

Уцени и рекет на сите страни – депресија.

Убиства по улиците – депресија.

Опожарени возила речиси секој ден – депресија.

Ограбени домови секој ден – депресија.

Децата ни се иселуваат – депресија.

Груевски избега – депресија.

Секојдневни притвори – депресија.

Политички прогони и притисоци – депресија.

Покрај сувото гори и суровото – депресија.

Секој со својот крст на грбот, ја искачува угоре својата Голгота. Секој со свои црнила и маки. Секој со свои причини за депресија. Но, собирокот под цртата, дефинитивно е колективна депресија.

А, не мора да биде вака. Можеме и мораме да се подобриме. Оваа зла крв која се лее, белким ќе истече веќе. И да тргнеме од ново. Прочистени од злобата и зависта, не гледајќи на туѓите маки со ситење, туку со сочуство и со желба да му се помогне на другиот. Може да не биде. Треба да сакаме. Проблемите ги знаеме, сме ги детектирале. Ако веќе ги знаеме, тогаш има начин и како да ги решиме. И тој не е ниту комплициран, ниту страшен. Едноставен е. Треба да почнеме секој од самиот себе, со лични примери. Треба да се воздигне правосудниот систем на ниво кое секому ќе му гарантира сигурност и правичност. Треба да создадеме богато и потрошувачко општество, каде секој ќе може да си дозволи да има пристоен и достоинствен живот.

Треба на лицата со посебни потреби да им погледнеме во очи и да им поддадеме рака, да чекорот заедно со нас. На оној кој нема работа, да му создадеме работно место. На оној кој има фирма, да му создадеме услови да ја развива, наместо да го урнисуваме со казни и даноци. Инспекторите треба да бидат коректори и помагачи за правилно работење на тие фирми, а не крвници. Јавната и државната администрација треба да се однесуваат кон секоја странка, фирма или човек, како тој да им дава плата, како тој да ги вработил. Треба да нучиме прописно да паркираме и секој да си вози на својата лента од улицата, кротко и без нервоза.

Треба да ги почитуваме наставниците, професорите, но и лекарите и пожарикарите.

Да го почитуваме другиот, за да не почитуваат и нас.

Можеме, ако сакаме.

Фејсбук статус на Димитар Димовски

-член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Најголемото црковно ѕвоно на Балканот ќе одекне од центарот на Скопје
Следна објава Милер Шот - Германскиот виртуоз на виолончело, на концерт со Македонската Филхармонија
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 715
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1323
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 369
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 460
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 671
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

673
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1406
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.