Маестралниот виолончелист на поновата генерација , германецот Даниел Милер Шот , вечерва се претставува пред македонската публика заедно со Македонската филхармонија „Морски бранови“ е насловен концертот на кој Милер-Шот ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Шостакович.
Бестрашниот интерпретатор со извонредна техника како шо го нарече весникот „Њујорк тајмс“ по втор пат се претставува пред македонската публика. Маестро Румон Гамба од Велика Британија како диригент на концертот, а љубителите на класичната музика ќе уживаат во совршеноста на делото „Четири морски интерлудии“ од операта „Питер Грајмс“ на Бенџамин Бритн, и „Море“ и „Потонатата катедрала“ (која ќе ја доживее македонската премиера) од Клод Дебиси.