Православниот храм „Св. Константин и Елена“ со местоположба во строгиот центар на Скопје е во завршната фаза на изградба. Црквата има златни куполи, а фасадата со орнаменти е скоро готова. Овој храм е со бруто-површина од околу 2.000,00 м2 и е досега најголемиот изграден православен храм во Македонија.
Црквата „Свети Константин и Елена“ се гради од ноември 2012 година. Во 2015 година беа донесени сите 12 ѕвона за црквата и беа осветени од архиепископот г.г. Стефан во сослужение со свештенослужители од Скопската епархија. Тие се поставени на камбанаријата висока 50 метри, која е меѓу највисоките во државава. Ѕвоната кои се изработени во фабриката „Грасмаер“ во Инсбрук, Австрија, ќе продуцираат тонови во три октави.
Проектот за ѕвоната го изработија Владимир и Искра Лековски, а рускиот проектант Марк Галтерин го изработи проектот за звучниот сет. Централното ѕвоно во новата црква, тешко 8,3 тони, е најголемото ѕвоно на Балканот. Другите две се тешки 3,5 тони, односно 2,3 тона.
Сите 12 ѕвона ќе бидат наместени така што ќе произведуваат разни мелодии. Една мелодија за големите празници, а друга во неделите. Пластичната изработка на декорациите и иконите на ѕвоната се дело на Дарко и Елена Дуковски.
Црквата во форма на крст е висока 30 метри и има една централна и четири помали куполи. Има четири апсиди и една олтарна апсида. Нестор Алексиев го изработил еднокрилниот, одмерено расчленет и обликуван иконостас, висок неколку метри, а широк околу 10 метри. Денес делови од овој иконостас се наоѓаат во црквата „Св. Петар и Павле“ во Јурумлери, и во „Св. Никола“ во Кум