“Јас како Димитар Стевананџија пратеник од Прилеп немам мандат да поддржам промена на Устав бидејќи ниту еднаш во мојота програма ниту во 2014, ниту во 2016 кога сум го црпел легитимитетот од моите бирачи не сум им кажал дека ќе гласам за промената на името на Република Македонија, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија во Собранието на комисиската расправа за имплементација на договорот со Грција.”
Го започна своето обраќање пратеникот Димитар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во својот говор тој истакна и дека пратениците на СДСМ немаат мандат нит право да го менуваат името на Република Македонија, и дека народот на 30 септември си одлучи во врска со тоа прашање.
“Никој од моите колеги не го потенцираше полнењето кутии. Како е можно во 120 минути, односни на 4 секунди да гласа по еден гласач.Никој не потенцира како во 4 минути успееја гласачите да бидат наредени во колона и за 4 минути да се легитимираат со својата лична карта, да бидат најдени во избирачкиот списокот, да бидат прснати на палецот дека гласале, да одат позади паравнот , да гласаат да се вратат и да ја земаат својата лична карта.”
– потенцира Стевананџија