• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

До овде било држава!?

јуни 19th, 2019 Колумна, Македонија коментари 1365

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
До овде било држава!?

Сепак…мислевме ке биде со подобар крај…или НЕ е крај. Или ова е само сон, и тоа лош?!Ми се моткаат разни прашања обременети од тежината на горливата политичка состојба во која се доведовме,Ние, Народот на Р.Македонија.Не на Ф.И.Р.О.М., не на Б.Ј.Р.М., не на Горна Македонија или Северна…Кореја не ни е рамна во гафови и ексцентризам!?..а бевме и ,,оаза на мирот,, а бре ајде? 30 години сме жртви на нечии туѓи постулати и желби, туѓи планови за Живот задугарски.Уште еднаш се докажа дека на Западот воопшто не му е гајле за десница или левица, за либерализам во банкноти или за конзервативни партии. Се е тоа,беше и остана само Извештај кој се разгледува, препраќа и исмејува. Ако оваа држава Р. Македонија овие 30 години не заслужила членство во НАТО тогаш прашањето е зошто толку силни мисии на наша војска во Авганистан, Ирак,секаде

Зошто?

Ме мачат и многу други прашања од безбедност до економија, од Македонија па се до Грција, од името па се до знамето, од химната па се грбот…а тој ,грбот, избоден уште еднаш. Не дека е првпат! Сме навикнале во текот на ова наше битисување како Македонци од Македонија на предавства, на продажби и на тргување со националните интереси. Но дали Народот памети?
Паа, ке видиме? Дали партиските полтрони се спремни да се откажат од ситните бенефиции а да не прашувам дали би оставиле душа за Македонија? Кога победува едната се преструктуираат во очајната желба за парче повеке политичка моќ, некоја функција и степен погоре и понекоја залутана паричка?Ајде негирајте ме?А ако грешам простете и на мојата маленкост чунки јас за пари не се лажам и моето Его не признава цена!

За мене Јас сум си политички бесценет? За вас вие си знаете?! На широките зелени ридја ги гледам невладините како копаат ровови спремни за уште еден сајбер напад на смартфоните. Само сега канцелариите од улица преместени во комфорот на власта. Интересен и смешен процес е ова владеењето кај Македонците?!Ако не беа Албанците , Ние, Македонците (т.е. некои поголеми групи и од ваму и од таму, разбирате?) до ден-денешен немаше да го научат зборот КАУЗА. Е па сега на наш грб де, ама бар ке научат!? А допрва ке се дешаваат дешавки, како што вели еден мој драг пријател, би рекол дека сите случајности воопшто не се случајни и дека случки ќе се случуваат. Денес прочитав дваесетина колумни од т.н. ,,независни,, автори, кои леви кои полеви а богами и десни. Десни ама без десница, ако ме разбирате? Повеке би рекол триги-комични супстрати на научено, потковано и набилдано со политички очај и лажен сјај.

Каде се Македонците? Очајно ги барам, дали јас сум изгубен во толпата или тие се изгубени во европската толпа? Навистина, очајно ги барам!

И денес црните хроники се полни.Влегуваме во нова фаза. Жолта?!

Жарот полека згаснува а очајните душички желни за троа млекце од Мајка, се местат околу дојките, чунки абер им пуштиле од јабана.Море, пуста да остане пустињата!Со мокта на Луцифер и со дванаесте демони оковани со златни пранги и црни печат-прстени шетаат по светот и владеат со мирните и од Бога возљубени народи.Младите кои беа порелигиозни, испотени и забрефтани бараат нов сјај, нова надеж за власт, нова идеја, а плукаат по стекнатото, и знаење и шанса , како да не им е дадено.Секогаш бараат повеке и повеке. Ах, таа младост!Зафрлени некои пак си ги бараат неискористените шанси додека останатите продолжуваат со Шоуто. Да се вратиме на Играчите…тие останаа и таму и овде. Поделени улоги на старо-нови ликови, една шема која секогаш пали, со многу многу пари,…но пали.Во една мрежа на агентури, поврзаност, систем на старо-ново и ново ама старо, со години рововско товарење, само и само да се разбие еден систем на вредности , една милитантна хиерархија на водење политика преточена во четирите свети букви ВМРО. Инструкции од правници, политиколози, економисти и разно-разни стратези белосветски се синтетизирани во една голема и преплатена операција да се обезглави Лавот за да се владее на раат со ,,оазата на мирот,,.

Пред неколку години и на дело започнува истата да се реализира.Колку ли наши блиски пријатели со кои сендвичот и кафето сме ги делеле и правеле листи и списоци, колку ли ,,наши,, т.н. де, биле и ваму и таму.Колку ли финансии се отепаа од земање преку Играчите на Големата Ложа, правно заглибени во своите ,,духовни,, вредности, Тие, Јуди на 21-от век. Ги распознавам по остриот мириз на продадено и ефтино човечко месо.Како волк во темна нок ги барам по осет за да бидам подалеку од нив, за да не се ставам во грев, ко што вели еден наш познат мак политичар, за да не ги изедам!? А јагнињата печени, нашашвртени ,еднаш варени на тивок оган , ни да умрат ни да живеат!?Во матната река ги нашле за се препознаат како херои на новото време а во основа овци. Во матното ги препознале за да во бистрина почнат да владеат како Антилидери. И ако Дивите ГИ избркаат питомите ке останат старите историски книги како доказ за едно време, за една држава…

Иако мојата смисла сега ви изгледа чудна и бесмислена, еден ден ке ви биде четиво. Тешко на оној народ кој престанал да сонува и да користи метафори. Оксиморон е вашиот Антилидер-морон! Затоа ги замолувам пасивните обсервери од првите редови да не фрлаат со јајца по театарските работници а не обични статисти на денешнинава. И престанете во секое мое Слово да барате две. Дојдовме до дереџе кога земјава ни зависи од кутриња кои жалко квичкаат додека Волкот завива во ноќта глува. Престане ли почнуваат да лаат осилени и во налет. Од еден куп државички зошто баш мојата ја одбравте Географија ли?

Историја ли?

Патот на Свилата?

Турски тек?

Регионални прекројувања?

Негде граница на бизнисот светски мора да има нели?!

Со куп хипотеки и опашки бараат правна држава и црква со црни богохулници! А кој сум пак јас да им го рушам раатот?Ако се достојни на Бога, Бог нека им го покаже Патот?! Нам не ни се виновни останатите за да плаќаат за нашата индиферентност. Никој не ни е виновен. Самите мора да ја прележеме и оваа болест. Политичка индигнација не можеш да екстрахираш од растителни видови на еднинки кои се хранат со долари и секојдневни трачарења. Таа фолклористика на кич и лажен сјај ке ви помине заедно со силата на нашите антагонисти поткрепени од јабана. Очекувам следни избори да бараме харизма и ликови со кураж, со софистицираност и резигнација наместо шема на Движење кое не се движи. Да одбереме кредибилни и одмерени, начитани и неустрашливи ликови, воини на нова интелигенција а не предавници и кафепијачи. Не ги гледајте оние кои бараат рогови, тие сигурно и даноци не плакаат!?Погленете околу себе, видете го комшијата, братот, другарот, подадете му рака за да тој ве оцени, за да тој биде главниот фактор…ама не го барајте само за гласање. Затоа што и утре ние ке бидеме тука. И утре ке има сончеви денови и денови на дожд и бура. А кога ке изчезнат црните гаврани од политичкото небо ќе правиме промоција на квалитет а не на оговарачи и плукачи кои се дрзнуваат да се наречат и мажи. При толку експерти во оваа наша небиднина и оправија нема потреба да се грижиме за нашата иднина. И бидејки мојата личност, лична и необезличена не трпи дволични не знам како повторно да бидам Војвода на гласачите. Ке ми треба сила за да ги надминам субмедиокритетите кои бараат експликација а всушност знам дека се зезаат со мене и со моето его.

Гласам за новото утро па макар тоа да ни носи и Арктички ден.

Гласам за скромност и благородност.Гласам за работа и професионалност.

Гласам за принципи и христијански погледи.

Гласам за Човеци а не за Луге.

Гласам за Гласачот!

Тој е мојот лајт-мотив.

Пишува: Гоце Марков

-колумнист, Македонец и Човек

  • Ознаки
  • Гоце Марков
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава 89-годишна жена исплетела 450 ќебиња и палта за кучиња
Следна објава 5 Моќни начини да се спречи апсорпција на негативната енергија на луѓето околу нас.
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 700
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 639
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 661
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1315
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 593
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 687
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 363
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 456
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 663
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

800
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1968
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1455
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201920
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.