Помеѓу нашиот народ останало да кружи дека никој не може да ти направи толкава штета како што сам можеш да си направиш.
Штетата што сам човек може да си ја направи може да биде поради неспособност или алчност (за пари или други бенефити).Полтронизмот којшто им е една од главните одлики на нелегитимните, е само поради желбата за останување на власт ден повеќе за да продолжат да крадат.
На власт се останува преку резултати базирани на стручност и компетенции, а не преку распродажба на најсветите работи за еден човек и за еден народ. Оти за тие работи, во сериозна држава со јаки институции, се одговара.Денеска се навршуваат 150 – години од раѓањето на најголемиот македонски син Гоце Делчев. Цела Македонија е Гоце Делчев.
Сепак, поединци на највисоки државни функции што јадат народен леб, заради еден фејк пречек со црвен тепих и воена музика, преку непромислени и несозреани изјави и постапки, мислат дека им се додворуваат на негаторите и дека на тој начин ќе им бидат угодни соговорници. Таквите залутани ликови кои не се свесни за одговорноста што ја имаат, прават непоправливи штети на темелите на македонската државност.Изјавата на Претседател на држава (кој и да е) не е изјава на обичен граѓанин, туку е во ранг на државен став. Изјавата на Стево Пендаровски дека Гоце Делчев е Бугарин дадена на ден 21.09.2019 год, ќе биде користена во настапот на бугарската страна против нашите позиции. Токму таа изјава и изјавите на неговиот стопан Зоран Заев, за кого сам изјавуваше дека се исти 102,5% ќе нанесат поголеми штети од сите изјави и аргументации на историчарите од Р. Бугарија.
Однапред ќе се извинам што ќе го споменам починатиот претседател Киро Глигоров, но слична изјава даде и тој за потребите на Грците. Истото сега го прави и Стево Пендаровски со Бугарите. Покојниот претседател Глигоров, тогаш се правдаше дека сакал да ги смири Грците, сега Стево се правда дека сакал да сигнализира подготвеност за соработка со Бугарите. Демек ние сме “лошите” и нешто сме згрешиле, па ете им попуштаме. Недостига уште да им се извиниме што постоиме!За крај, колку државата, односно луѓето што ја водат, се грижи за да ги запази позициите во кои верува, погледнете како се одбележува раѓањето на Гоце.Исто како што Стево минатата година избега од народот на Илинден, така годинава, нашиот октроиран премиер избега од државата само за да не положи цвеќе на гробот на Гоце. Иста матрица, исти вредности.
-Фејсбук статус на Драган Ковачки- Пратеник и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ


