Денеска во црквата Св. Спас во Скопје највисока делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Миоцкоски одаде почит на гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Со полагање на букети свежо цвеќе по повод 150 годишнината од раѓењето на апостолот на Македонската револуционерна борба Мицкоски придружуван од потпретседателите Александар Николоски и Гордана Димитриеска Кочоска , Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски се поклонија пред ликот и делото на Гоце Делчев во Македонската претстолнина.
Притоа за јавноста Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ даде своја изјава по повод денешното чествување:
“Како делегација на највисоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на големиот македонски деец Ѓорѓи Делчев. Денеска како ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското Собрание ќе поднесеме и Декларација со којашто сакаме да добиеме поддршка од сите политички партии коишто се парламентарни и вонпарламентарни со една цел, да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.”
-напиша на социјалните мрежи Мицкоски


