Во една од најсиромашните општини во Брегалничкиот регион како и воопшто во државата, деновиве граѓани беа приведувани во полициска станица поради искажани зборови и споделени фотографии на интернет.
На 13.12.2019 во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода С.Ј. од с. Чешиново поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ преку објавување преку интернет на текст и фотографии кои содржат говор на омраза.
На 14.12.2019 за истото кривично дело е приведен и Д.А. (36) од с. Облешево. По документирање на случаите ќе следат содветни поднесоци до надлежното обвинителство.
С.Ј. од с. Чешиново приведен поради објавување преку интернет на текст и фотографии кои содржат говор на омраза
Извор: Балкан.мк