Говорејќи на денешниот митинг во Спортската сала Борис Трајковски во Скопје Зоран Заев зборуваше и за неуспесите кои ги имала неговата влада.
На твитер по завршување на трибината тој накави нова кампања како резултат на грешките и слабостите кои ги идентификувал во неговата власт:
Во овие две и пол години власт на централно и локално ниво имавме многу успеси. Имавме и грешки и слабости. Ред е да си признаеме, НО, НАУЧИВМЕ ЛЕКЦИИ! И ТОА Е НАШЕТО ТРЕТО ПРАВИЛО:
НУЛА толеранција за неодговорност! НУЛА толеранција за корупција! НУЛА толеранција за конфликт на интереси! НУЛА толеранција за опиеност од власт.
-напиша тој на твитер.


