Во очи на денешниот протест на граѓанската иницијатива Македонија#Блокира на булеварот пред Македонскиот парламент е поставена и дополнителна втора барикада која треба да го заштити Македонскиот Парламент од Македонскиот народ кој ќе излезе на граѓанскиот протест закажан за 12.00 часот.
Од страна на иницијативата беше доставена реакција до одредени медиуми дека со ваквата досега невидена практика за поставување на барикадите, власта и МВР прават провокација кон својот народ.


