• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Репортажи

Ексклузивно интервју со Денис Пушилин-лидерот на Доњецк: Донбас никогаш повеќе нема да биде дел од Украина

април 4th, 2022 Колумна, Репортажи коментари 773

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ексклузивно интервју со Денис Пушилин-лидерот на Доњецк: Донбас никогаш повеќе нема да биде дел од Украина

Според Денис Пушилин, лидерот на Доњецката Народна Република, специјалната операција од страна на Русија против Украина била единствениот начин да се постигне долготраен и оддржлив мир. Во случај воената операција и демилитаризацијата на Украина да беше насочена само на областа Донбас, на крајот само ќе беше поместена само границата на разграничување помеѓу Украина и Донбас, но Киев ни тогаш немаше да се откаже во иднина по воен пат да ги врати Доњецк и Луганск.

Во центарот на Доњецк, на местото каде што 14 март падна касетен дел од тактичката балистичка ракета Точка-У истрелана од страна на украинската армија, при што загинаа 21 мирни цивили и повеќе од 40 беа ранети Денис Пушилин даде интервју за странските новинари. Целта на украинската тактичка балистичка ракета Точка-У била самиот центар на Доњецк, односно административните објекти во центарот. Но како резултат на дејството на руската противвоздушна одбрана ракетата била срушена над Доњецк, но касетен дел од неа паднал во центарот на Доњецк. Доколку руското ПВО не ја срушело ракетата, жртвите би биле неколку стотици, плус огромни разрушувања.

Во присуство на значајно обезбедување и телохранители, во воена униформа, лидерот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин во кратки црти  на нас новинарите ни ја раскажа историјата на конфликтот и нагласи дека осумгодишниот терор од Украина ги принуди републиките во Донбас да се обратат за помош на Русија. Целиот квартал каде што се оддржа интервјуто, беше затворен, и голем број на полициски и на воени сили го обезбедуваа периметарот на кварталот, за да се спречи ненадеен напад. Додека траеше интервјуто, над небото на Доњецк прелетаа неколку руски воени авиони. 

„Како резултат на нелегитимниот државен удар во Киев во 2014 година истокот на Украина, поточно Донбас, застана против новите нелегитимни власти. Но наместо преговори, Киев летото 2014 година започна воена операција против својот народ од Донбас. Ние бевме приморани да земеме оружје во рака и да се бориме за да се заштитиме. Поседуваме докази дека Украина сакаше насилно да го реши проблемот со Донбас, за нас тоа беше критично, бидејќи имаме повеќе од 4 милиони луѓе. Поради тоа ние се обративме за помош до Русија. Русија ја започна специјалната воена операција на Украина со цел да не спаси од уништување. Паралелна цел со ослободувањето на Донбас е демилитаризација на Украина, односно Украина не треба да поседува тактичко офанзивно оружје кое би било закана за нас и за нашето постоење, како и денацификација на Украина, односно недопуштање на фашистичката и нацистичката идеологија на Украина. Зеленски сеуште има шанса да се согласи со барањата на Русија, а во спротивен случај, Зеленски и Украина на крајот ќе капитулираат, и прашање е во кои граници ќе постои Украина. Донбас никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“

– рече Денис Пушилин- лидер на Доњецката НАродна Република .

После интервјуто со Пушилин, се упативме на територијата на меморијалниот комплекс Алеја на Ангелите, создаден во чест на убиените деца на територијата на Доњецката Народна Република, кои што загинале од почетокот на граѓанската војна во Украина, од летото 2014 година. Имињата на сите убиени деца се испишани на една плоча. Невозможно е да се остане рамнодушен и да се задржат чувствата и солзите кога се гледа на споменикот во меморијалниот комплекс, каде што покрај имињата на убиените деца се поставени разни детски играчки и мечиња. Во чест на убиените деца е поставено ѕвоно, кое што е изработено од чаурата на украинска артилериска ракета. Тоа ѕвоно ѕвони во чест на прерано убиените деца, и на нивните ангелски души.

Од почетокот на конфликтот во Донбас во 2014 година, 91 дете загинаа како резултат на вооружената агресија на Украина на територијата на Доњецката Народна Република. Од почетокот на војната помеѓу Русија и Украина на 24-ти февруари 2022 година, загинаа уште 6 деца. Овие податоци и информации ни ги соопшти Народниот правобранител на Доњецката Народна Република Дарија Морозова.

Таа оддржа краток брифинг на територијата на меморијалниот комплекс Алејата на Ангелите за нас, новинарите од странство. Таа не повика да известуваме објективно, и светот да ја слушне и другата страна од конфликтот, не само украинската страна.

Според Дарија Морозова, смртта на децата од Донбас е директна последица на државниот удар во Украина во 2014 година и последователното масовно неселективно гранатирање на Републиката. По вина на украинските власти, на децата во регионот им беа нарушени и одземени основните човекови права. Вклучувајќи го и правото на живот!

„За смрта на  нашите деца од украински гранати, соберени се докази и факти и покренати се кривични предмети. Тие се дел од доказната база за воени злосторства од страна на украинските вооружени сили и националистичките групи. Сите релевантни материјали ќе бидат презентирани во текот на идниот трибунал за геноцидот во Донбас. Нас ни е жал што денес како резултат на војната има убиени деца и во Украина. Детскиот живот нема цена, и мене како мајка ми е жал за секој изгубен детски живот. Но доколку Украина не започнеше воена операција против нас во 2014 година, и доколку подоцна ги спроведеше Минските договори, трагедијата која што денес се случува ќе беше избегната. После почетокот на граѓанската војна во Украина во 2014 година, странски новинарски екипи, пред се од Западот, доаѓаа во Доњецк, и известуваа за убиените деца и цивили. Тие доаѓаа и во овој меморијален комплекс. Но после некое време тие престанаа да доаѓаат и да известуваат. За целиот период на конфликтот во Донбас, во самопрогласената Доњецка Народна Република беа убиени повеќе од 5100 луѓе. Сите тие имаат име и презиме. Затоа ве замолувам да известувате објективно, за светот да може да ја слушне и нашата страна, и да не разбере.“, Дарија Морозова.

Меморијалниот комплекс Алејата на Ангелите се наоѓа во еден од парковите на Доњецк. Од комплексот се открива преубава панорама на градот Доњецк. Се гледаат високите згради како и оџаците на џиновските мега фабрики, срцето на тешката индустрија на Донбас. Пролетта е веќе на прагот, птиците пејат, а во далечина се слушаат артилериски истрели и дејството на реактивната артилерија, кои што не потсетуваат дека овде војната уште трае.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар



  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • Донбас
  • интервју
  • Русија
  • Украина

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Најзначајните згради на институции во Скопје вечерва во боите на НАТО
Следна објава МВР ќе ги гони сите кои одобруваат или оправдуваат геноцид јавно преку социјалните мрежи
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 616
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 601
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 753
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 797
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

947
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2214
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1479
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201919
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.