Денеска на прес конференција пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет од Берово во Македонскиот парламент беше исклучена од понатамошно членство во партијата.
Во обраќање на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово, Никола Атанасов, беа соопштени причините за тоа јасно и гласно пред целата Македонска и светска јавност.
Почитувани граѓани на општина Берово, почитувани членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ.
На денешната седница ОК Берово, согласно статутот на партијата инасоките добиени од ИК на ВМРО ДПМНЕ, едногласно донесе одлука од членство вопартијата да ја исклучи досегашната наша пратеничка Емилија Александрова. Сосвојата постапка и поддршката за уставни измени која ја даде на вчерашната седница,Александрова ја погази вољата на граѓаните на Македонија искажана на референдумотод 30-ти Септември, како и партиската одлука за почитување на таа народна воља приизјаснувањето во Собранието.
Како спрема наша поранешна долгогодишна сопартијка, ние членовите на ОК Берово не навлегуваме и не не’ интересира кои се мотивите за ваквата нејзина одлука, тоа е нејзина лична работа и со тоа ќе мора да живее целиот свој живот и таа, а за жал и нејзиното семејство и идните поколенија. Веруваме дека ќе има објаснување за оваа своја предавничка постапка барем пред нив и пред Бога, затоа што нивниот суд е оној најважниот. Со судот од вмровците и македонските граѓани за својата постапка и за она што планирате да го правите во иднина, вие пратеничке Александрова ќе морате самите да се изборите, ВМРО ДПМНЕ повеќе неможе и нема да стои повеќе позади вас.
Бараме да покажете барем малку доблест и да го вратите мандатот кој го добивте како кандидат на листата на ВМРО ДПМНЕ на граѓаните кои ви го дадоа, а вие максимално ги изневеривте. Како претседател на ОК Берово на крајот само сакам да истакнам, дека сум крајно разочаран, затоа што сум соработувал со таква личност во која сум имал целосна доверба, на која секогаш и од срце онолку колку сум бил во можност сум и помагал и сум ја поддржувал. Со вашата вчерашна постапка направивте да се срамам поради тоа, и од сопартијците и од сите чесни македонци.
Ти Емилија својот пат го избра каков и да е.
Ти за нас во иднина ќе бидеш само срамноминато.
Ние вистинските вмровци ќе продолжиме по нашиот пат со верба и љубов заМекедонија и зачувување на вековното име, за среќа, сега без таквите како тебе.
Да живее ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, да живее Република Македонија!
Уреднички коментар:
По објавувањето на личниот статус на фејсбук профилот од страна на Емилија Александрова, во врска со Преспанскиот договор, остваривме директен контакт со цел да направиме лично интервју поради големината на гестот од страна на тогаш ценетата пратеничка, со цел таа самата да ги искаже своите побуди за направениот гест.
За жал на Република Македонија и Македонскиот народ оваа г-ѓа не го заслужува нашиот простор никогаш во иднина.