• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Пост-фестум: Самрак на Македонското постоење

октомври 20th, 2018 Колумна коментари 1083

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Пост-фестум: Самрак на Македонското постоење
Во налет на голем број мисли започнувам да го пишувам овој текст. Настрана од се чувствата ниту во еден момент не биле мој доминантен фактор на постапување и носење на лични и општествени одлуки.

Пост-фестум на синоќешниот терор врз Македонскиот слободољубив дух можам да кажам неколку работи што мислам дека ќе биде доволно за да го сублимира мојот личен став и мислење за целава папазијада.

  • Сите до еден кои што имаат право на глас во државата се виновни т.е заслужни за оваа ситуација која се случува со Македонија.

И тие во  Македонија и тие надвор од Македонија.

Некои со својата лоша проценка, некои кои биле излажани, некои кои биле уценети, подмитени… Некои кои се надевале на личен бенефит или бесрамен профит за нешто што не го заработиле со чесен труд и пот, некои кои уште се надеваат на такво нешто…

Некои со своето криминално работење на клучни политички позиции кои дозволија да бидат уценети, некои кои беа под притисок пасивизирани да се предадат на “текот на реката”…

Некои кои дозволија да бидат уценети од како резултат на незнаењето и неподготвеноста да се носат со значајни државни и општествени функции во изминатите години…

Некои кои искрено и од срце и со разум се бореа против оваа ситуација да не ни’ се случи а не биле доволно силни во своите заложби…

За сите нив и за мене заедно со нив, Македонија е на добар пат да биде уништена таква каква што ја познавам.

Овие ОСУММИНАТА што всушност се ОСУМДЕСЕТМИНА се инструмент на целокупниот неуспех на државниот систем во изминатите 27 години да создадат нормална држава по терк на сите држави околу нас во регионот. Предавствата кои се препишуваат на овие пратеници се всушност мал милион предавства на сите нас во изминатиот период. Некој помалку некој повеќе, но никој не треба да се амнестира од одговорност.

И ДА! ТОА СЕ ПРЕДАВСТВА!

  • Ова е процес со кој ќе бидат урнисани од корен разнишани темелните вредности на Македонскиот идентитет и вредности.

Во наплив на претстојната глобализација на ова поднебје ќе нема место за немоќните, неуките, неспособните, неработливите. Морам да признам дека тоа ќе значи геноцид за еден добар дел од Македонскиот народ. Во таква брутална забревтаност на сплетот на околности кој ја очекува оваа сега веќе реално Северна Македонска приказна најголемиот удар ќе го доживеат пензионерите, социјалните случаи, маргинализираните групи и поединци кои нема да се прилагодат на овој драстичен општествен скок.

Стандардот на населението долги години ќе остане ваков каков што е (со можност и да се влоши) а капиталистичкиот апарат на банкарскиот систем во голема мера ќе се инфилтрира во сите пори на државата што најсликовито ќе биде одразено врз цените на производите за широкопотрошувачка, домакинствата, недвижнините, услугите на државата, транспортот и кажи-речи во сите економски параметри.

Во такви услови дополнително ќе се влоши стандардот на народот и ќе значи зголемуање на сиромаштијата и заграбување на уште поголем капитал од странските “инвеститори”.

Концесите врз природните ресурси во земјава ќе добија странски предзнак со фрлени парчиња леб за работниците (Македонскиот народ) за преживување се до наредното парче леб.

  • Македонското општествено ткиво и народ за подолг временски период ќе остане поделен по идеолошка линија што дополнително ќе се одрази на развојот на стандардот на целокупното општество.

Актуелната подолба во политички контекст која што егзистира повеќе од еден век на овој простор, ќе се пренесе (веќе е драстично пренесена)  на сите нивоа во државата помеѓу обичните граѓани. Ова не е граѓанско општество. Ова е поделено општество кое и најавеното помирување од Зоран Заев нема да го соедини. Поразените никогаш нема да се обединат со победниците. Така било отсекогаш, така ќе остане уште многу после нас.

  • Дополнително ќе се зголеми одливот на жива работна сила од Северна Македонија.

Колку е ова добро или лошо немам посебен став. Од една страна сметам дека патувањето, искуството, средбите и контактите со странски вредносни единици е полезно за Македонскиот народ, но од друга страна сметам дека идентитетскиот геноцид на овој етнографски простор ќе биде изразен уште по драстично што од цивилизациски аспект е злодело против човештвото со сузбивање на етнолошко-културолошката диверзификација на народите.

  • Мнозинството на Македонскиот народ против својата волја ќе биде сопатник на оваа голгота на теророт на малцинството врз волјата на мнозинството.

Народот-луѓето ќе продолжат да си живеат во својата летаргија во духот на максимата купи-ден продај. Ќе се промени цела генерација народ. Ќе дојде нова драстично видоизменета од оваа актуелната. Историјата ја пишуваат победниците. Па доаѓаат нови победници  кои ја редефинираат историјата на тие пред нив… И така до бескрај!

Но легендите и приказните во срцата на Македонскиот народ ќе останат да се раскажуваат.

Една од легендите на овој прекрасен народ вели:

БОРБАТА ЗА СЛОБОДА НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНУВА!

П.С. ЗОРАТА Е ДОЈДЕНА! ВРЕМЕ Е ДА СЕ РАЗБУДИМЕ!

Пишува: Кирчо Анастасов

  • Ознаки
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Васко Ефтов: Цената на гласот на Македонскиoт пратеник се движи од 250000 до 1 милион евра
Следна објава Емилија Александрова исклучена со демарш од партијата
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 543
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 553
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 547
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 534
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 454
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 879
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 562
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 699
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 679
Жена на денот
Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

4270
Маж на денот
Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

2105
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.