• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Фељтон: БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (дел 2) -Балкански сојуз

октомври 6th, 2019 Македонија коментари 1872

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Фељтон: БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (дел 2) -Балкански сојуз

Балканскиот сојуз е сојуз помеѓу Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора насочен против Османлиската Империја. Балканскиот сојуз е едната од страните која ја води Првата балканска војна. Судирот на сојузниците, по војната води до Меѓусојузничката војна.

Мотивите за создавање Балкански сојуз е поделбата на Османлиското наследство во Европа, а непосреден повод била Италијанско-турската војна во 1911 година, бидејќи Османлиската Империја била зафатена на друго место.

Преговорите за создавање на Балканскиот сојуз започнале есента 1911 година. Особено компликувани биле преговорите меѓу Србија и Бугарија, и тоа поради несогласувањата околу поделбата на Македонија. Под силен притисок на Русија двете страни биле принудени на разни отстапувања. За да започнат преговорите услов било Бугарија да се откаже од прелиминарниот Санстефански договор и на Србија да и го признае правото на дел од Македонија.

Според бугарската влада, потпишувањето на спогодбата било забрзано од следните причини: таа сметала дека Младотурците ќе го истребат бугарското население во Тракија и во Македонија; дека руско-турските преговори ќе овозможат користење на Босфорот и на Дарданелите на руската флота, со што ќе ја загуби Русија како заштитник на бугарските интереси во случај на војна со Турција, дека врз основа на спогодба меѓу Австро-Унгарија и Романија ќе се овозможи проширување на Романија на бугарска територија и дека Турција ќе отпочне превентивна војна против Бугарија. Сите овие стравови биле оправдани.

Српската влада имала сопствени причини да го забрза потпишувањето на спогодбата со Бугарија. По избувнувањето на Италијанско-турската војна, српската влада веднаш испратила доверлив допис во Петроград, во Лондон и во Париз, обрнувајќи и внимание на тројната Антанта на последиците што Италијанско-турската војна, веројатно, ќе ги предизвика на Балканот, напоменувајќи притоа дека најдобар начин за зачувување на интересите на балканските народи ќе биде создавањето сојуз меѓу балканските држави.

Грција не го очекувала решението на македонското прашање од Големите сили, меѓутоа во согласност со дотогашната поддршка на грчката политика, особено од Англија, очекувала да го оствари своето територијално проширување на територијата на Македонија. Поради тоа била солидарна со другите балкански држави за создавање балкански сојуз.

Црна Гора се солидаризирала со Србија, а своите територијални претензии ги насочувала кон Скадар и кон Албанија.

Во летото 1912 година, Големите сили преку дипломатија и други контакти се обидувале да ја спречат војната меѓу Балканските сојузници и Турција.[2] Европската дипломатија од двата блока со внимание ја следеле ситуацијата на Балканот, како и во самата Труција. Во историографијата постојат контроверзни тврдења по прашањето дали големите сили, освен Русија, знаеле за Српско-бугарскиот сојузен договор од 13 март 1912 година. Дури кога започнала општата мобилизација, големите сили почнале енергично да реагираат. Дотогаш изгледало дека европската дипломатија не е запозната со Балканскиот четворен сојуз, или е недоволно информирана. Резервираноста на Англија и Франција, ги форсирала воинствените потези против Турција, на Бугарија, Србија и Грција.

Русија со сите сили настојувала да ги одоброволи Англија и Франција за поддршка на балканските сојузници, очекувајќи да добие хегемонија на Балканот. Италија била запозната со српско-бугарскиот договор, и дури добила понуда од балканските сојузници и тие да ѝ се придружат во војната против Турција. Германската влада, пак, го сметала балканскиот сојуз под патронат на Русија за опасен, и дека може да се насочи колку против Турција, толку и против Австро-Унгарија.

Австро-унгарската влада дознала за српско-бугарскиот договор во мај 1912 година, благодарение на романскиот крал Карол. Меѓутоа, овој сојуз бил проследен со молчење. Сепак, австро-унгарската дипломатија работела упорно на тоа да го ослаби сојузот, а по можност и да го разбие.
(Продолжува)

Извори:
1. „Wars of the World; First Balkan War 1912-1913“. OnWar.com. December 16, 2000. конс. 2009-08-14.
2. Петар Стојанов: „Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни, 1912-1913“, Скопје, 1979, стр. 85
3. Петар Стојанов: „Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни, 1912-1913“, Скопје, 1979, стр. 96
Надворешни врски

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Пренесува: По патот на Македонската историjа

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Фељтон: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 1)
Следна објава ВМРО- Автономистичка- Струмичка група
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 706
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 643
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 666
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1322
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 599
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 692
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 367
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 458
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 668
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2800
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1281
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1472
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201919
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.