• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Федерализација- LOADING… Артан Груби ќе биде Вице- Премиер со право на вето на секоја владина одлука

август 19th, 2020 Политика коментари 1675

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Федерализација- LOADING… Артан Груби ќе биде Вице- Премиер со право на вето на секоја владина одлука

ПРВ ЗАМЕНИК – ПРЕМИЕР СО ПРАВО НА ВЕТО (?!) : ОРДИНАРНА, НЕПОЗНАТА, НЕУСТАВНА, НЕЗАКОНСКА, УНИКАТНА ПОЛИТИЧКА ГЛУПОСТ!

За британскиот премиер се вели дека е: „ МЕСЕЧИНА МЕЃУ МАЛИТЕ ЗВЕЗДИ“(luna inter stellas minores). Погодувате зошто? Заради ДОМИНАНТНИОТ СТАТУС во парламентарниот модел на поделба на власта, кој што добива карактер на кабинетски, па и ПРЕМИЕРСКИ. Имено, премиерот го има првиот и последниот збор во Downing Street 10, седиштетото на Кабинетот, некогаш и дом/живеалиште на премиерот! За останатите премиери во параламентарните, па и во мешовитите и полупретседателскитe системи , претседателот на владата е ПРВ МЕЃУ ЕДНАКВИТЕ, односно PRIMUS INTER PARES.
Македонскиот мешовит политички систем, во основа е парламентарен, со елементи на претседателски (непосреден избор на шефот на државата)систем, но и реликти од собранискиот (самораспуштањето на Собранието, наместо распуштањето, како вообичаено право на шефот на државата во парламентарните и мешовитите системи, вклучувајќи ги и полупретседателските (францускиот, на пример).

Значи, нашиот претседател на Владата е ПРВ МЕЃУ ЕДНАКВИТЕ. Она што го прави специфичен неговиот статус е ИМУНИТЕТОТ што го ужива, наспроти министрите, чиј имунитет, со право беше укинат со амандманот XXIII на Уставот. Инаку, истиот, час поскоро треба да се укине оти е непотребен и непознат феномен во демократските политички системи.

Членот 89 на македонскиот устав вели дека: Владата ја сочинуваат ПРЕТСЕДАТЕЛ и министри. И за правни лаици и за „ учените“, е јасно дека нашиот устав не познава функција ВИЦЕ- ПРЕМИЕР или ЗАМЕНИК/ заменици на премиерот, слично како и словенечкиот, на пример. Во ваква уставна ситуација, на првата седница на ВЛАДАТА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ назначува кој од редот на министрите ќе го заменува во случај на спреченост. Тој /таа нема СВОИ ОВЛАСТУВАЊА, туку само по овластување на ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА може да превзема активности ВО НЕГОВО ИМЕ.

На оваа линија е и Законот за Владата, во чиј член 16, став (1) пишува: „ Претседателот на Владата , од редот на министрите определува заменици, а во ставот (2) прецизира: „ Претседателот на Владата може да им довери на замениците вршење на одделни работи што произлегуваат од неговите права и должностите.“
Каде е тука „правниот основ“ за „ПРВИОТ ВИЦЕ – ПРЕМИЕР“ со право на вето? НИКАДЕ, ама НЕМА ни ЕУ ДИРЕКТИВА ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ, па ДУИ и СДС си „го украсија“ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ со европско знаменце, па наместо да и го врати на Владата за да ја „наведе“ директивата, која не постои, по што Законот ќе мораше да оди во редовна постапка на Комисијата за политички систем, старо-новиот претседател Талад Џафери, го прати кај Артан Груби, на Комисијата за европски прашања и во СКРАТЕНА ПОСТАПКА си беше донесен, иако НЕУСТАВНО и НЕДЕЛОВНИЧКИ, згора, без потпис на шефот на државата! Ама, ЧЕКАН станавме чекајќи го Уставниот суд, а тој молчи оти некои СУДИИ ТАМУ се партиски /лидерски избор!

Кога е во прашање одлучувањето во Владата, Претседателот е неприкосновен ПРИМУС, што е видливо од членот 20 од Законот за Владата. Имено, во став (1) на истиот пишува: „ На своите седници, Владата одлучува СО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ од ЧЛЕНОВИТЕ НА ВЛАДАТА“, а во ставот (2) стои: „ Во случај кога на седницата на Владата при гласањето се добие еднаков број гласови, ЗА ДОНЕСЕНА СЕ СМЕТА ОДЛУКАТА ЗА КОЈА ГЛАСАЛ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА!
Каде е тука основот за КО(СО)ОДЛУЧУВАЊЕ на Претседателот и божемниот „ ПРВ ВИЦЕ- ПРЕМИЕР“??? Во главата на „ КРЕАТОРОТ“. Да потенцирам дека нашиот устав не познава ни функција ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ/И на Владата, иако често „слушаме“ дека ТАКВИ „ има“?!

Денес се шири баукот дека новиот министер за ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, АРТАН ГРУБИ ќе бил „ ПРВ ВИЦЕ-ПРЕМИЕР“, без чија согласност ќе немало ВЛАДИНА ОДЛУКА. Не знам дали да се СМЕАМ, ИЛИ ДА ПЛАЧАМ, ама во оваа ЗЕМЈА „БУДАЛИЈА“ или „ ЛУДОРИЈА“, што нема , не само да чуе, туку и да доживее човек, кој четири децении предава КОМПАРАТИВНО УСТАВНО ПРАВО И СОВРЕМЕНИ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМИ и ПОСТОЈАНО се чуди на „ИНОВАЦИИТЕ“, особено кога бил ментор на член на ДУИ кој ДОКТОРИРАЛ на тема за НАРУШЕНОТО НАЧЕЛО НА ПОДЕЛБАТА НА ВЛАСТА, кој сигурно ЗНАЕ што МОЖЕ, А ШТО НЕ МОЖЕ, според македонскиот устав, но и што има/нема во компаративните уставни системи! Ама, кај што има СИЛА, нема УМ! Ако е историја „ТРОЈЦА АЛБАНЦИ – МИНИСТРИ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ“, тогаш „ИСТОРИЈА“ ЌЕ БИДЕ и ПРВ КО- ПРЕМИЕР!

Јас пак сметам дека е потребно преполовување на бројот на министерствата, а првото што треба да се укине е токму „Министерство за политички систем и меѓуетнички односи“. Такво министерство нема на планетава земја, а камоли во ЕУ државите. Впрочем, која е надлежностa на најголемото министерсто во Владатата, со дури 1406 „ вработени“, превземени од Секретаријатот за Рамковен договор“, кои не доаѓаат на работа, а на нив се трошат дури 9 милиони евра годишно!! Во прашање е виртуелно ОМНИБУС, „алтернативно министертсво“ .

Имено, сите министерста покриваат процеси, односи и институции кои се дел од политичкиот систем: локална самоуправа, образование, здравство, екологија, социјална заштита, меѓуетнички односи.
По соочувањето со Ковид 19 си велам: да не е во прашање научен проект на ДУИ , врзан за РАБОТА ОД ДОМА, како антиципација на нужната адаптацијата на можна пандемија? Признавам, се покажа дека ДУИ е способно за DOING на невозможни потфати!
Се покажа дека се работи за „Министерство за НИШТО, или ЗА ЗАСЛУГИ“, оти првиот министер Хазби Лика не одеше на работа со месеци, а во времето на вториот, Садула Дураки нема ниту една активност, освен што конечно осамна веб страницата!

p.s. Верувам дека ГАЛАМАВА ЗА ПРВ ВИЦЕ-ПРЕМИЕР“ со право на вето е пробен НОВИНАРСКИ БАЛОН, ама многуте „политички“ лудории во ПОТРАГА ПО МНОЗИНСТВО за освојување и останување на власт, од една мала, но нормална држава – Македонија, направија ОПАСНА СЦЕНА за NORTH REALITY SHOW во кое НЕМОЖНОТО се ОСТВАРУВА пред очите на СТАПИСАНИОТ НАРОД, шокиран од „ИЗУМИТЕ“ на ЕТНОКРАТИЈАТА што се заканува со босанизација и кипаризација.

Пишува: Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Институциите молчат за испумпаните 21 милиони евра од буџетот преку тендери за обезбедување
Следна објава Градскиот стадион во Македонска Каменица доби 1500 нови столчиња за трибините
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 416
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 732
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 595
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 537
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 654
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1991
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 575
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 704
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 562
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1322
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2205
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.