Фудбалскиот клуб Каменица Саса упати јавна благодарност до ОФС Кочани како и до Фудбалската федерација на Македонија за доделувањето на нови 1500 столчиња наменети за фудбалските трибини на градскиот стадион во Македонска Каменица.
“Градскиот Стадион во Македонска Каменица добива нови 1500 столчиња
Благодарност до ОФС Кочани и до Фудбалската Федерација на Македонија”,
-соопштија од ФК Каменица Саса.
По тој повод во јавноста се огласија и од ОФ Кочани:
“Фудбалот е колективен спорт. Колку е поголемо единството во екипата толку е поголема гаранцијата за успех.
#ОФСКочани е организација чија основна цел е да помага да постои и опстои пред се за клубовите, фудбалерите и љубителите на фудбалот.
Денес, ОФС Кочани во соработка и подрашка од ФФМ, обезбеди 1500 нови столчиња наменети за трибината на Градскиот стадион во Македонска Каменица.
Со нивното конечно поставување на трибината, љубителите на фудбалот ќе можат да ѓи следат и уживаат во натпреварите на второлигашот #ФККаменицаСаса и актуелниот шампион на Македонија– жени, #ЖФККаменицаСаса како и младинските категории.
Голема благодарност до #ФФМ која ја препозна заложбата на ОФС Кочани за подобри инфраструктурни услови на стадионите во нашиот регион, со тоа што нашата иницијатива и заложба беше експресно реализирана.”


