По најавите во јавноста од мандатарот Зоран Заев за составување на новата влада во која фигурира и името на Благој Бочварски како предлог за нов Министер за транспорт и врски, со своја реакција се одзва пратеникот Иван Јорданов во врска со перформансите на Боџварски како Градоначалник на Општина Штип.
Иван Јорданов ја потсети јавноста за капиталните инвестиции од типот триаголниче, тротоар цртан со клинци, пластичен кружен тек како и несоодветниот начин на кој што беа крпени ударните дупки по распаднатите коловози на улиците низ Штип.
“Ви текнува ли за инвестициите во Штип од типот: триаголниче, тротар нацртан со шајки, пластичен кружен кој го однесе првиот дожд, крпени улици. Се капитал до капитал. Да не се заборави, дека за тендерите се работи.
#КаковГрадоначалникТаковМинистер
#Фушерај
#ЗаТендерчеДаИма“
-напиша на фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов од Штип.