На денешното продолжение на конститутивната седница на Македонското Собрание Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во старт ја подгреа политичката атмосфера за периодот што следува пред нас. Тој во своето прво обраќање како член на актуелниот парламентарен состав меѓу другото најави дека оваа влада која ќе ја предложи Зоран Заев како мандатар нема да трае повеќе од 4 до 6 месеци поради револтот на излажаните граѓани во предизборната кампања.
Исто така Николоски најави дека таа влада нема да падне со гласање во собранието туку ќе падне на улица со масовни граѓански протести.
“Оваа Влада ќе биде со најкраток мандат во историјата на Македонија и оваа Влада нема да биде соборена тука во Собранието, туку на улица со масовни демонстрации.”
-соопшти Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ


