Пристигна информација од службените лица на ФИФА им забраниле на операторите со камерите во текот на преносот на претстојните последни два натпревари на Светското првенство кое се одржува во Русија.
Ако досега бевте публика покрај телевизиските екрани на натпреварите од светското првенство кое се одржува во Русија, можевте сигурно да забележите многу кадри од прежешки навивачки на трибините на стадионите каде се одржуваше првенството.
Камерманите буквално се “убија” од снимање и зумирање на ликовите на женски фанови на трибините меѓу толпата народ.
ФИФА нареди пренесувачите во живо да престанат да зумираат со нивните камери кон “жешки жени” во толпата во текот на натпреварите, за да помогне при превенција во ширењето на сексизам,
-пренесе Дејли Мејл.
Помеѓу гламурозните фанови кои го привлекуваа вниманието на фановите се и поранешната порно ѕвезда Наталија Немчинова, прогласена за Руски најжежок фан на првенството, заедно со сопругите и девојките на фудбалерите кои играат за Англија, Франција и Хрватска.
Од раководството на ФИФА предупредиле дека “ќе бидат превземени соодветни акции против прекршителите на ова ново правило”.
Во продолжение пренесуваме неколку фотографии од атрактивните фанови на трибините во досегашниот тек на првенството: