Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов кој што ги брани интересите на штипјани во Македонскиот парламент, во јавноста обелоденува нова афера на власта. Имено според објавата на Јорданов во услови на општа криза кога повеќе фирми се затвараат, семејната компанија на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој што до неодамна беше Градоначалник на Штип, добила милионски тендер од локалната самоуправа во Штип.
Според Јорданов, ваквото однесување на актуелната власт е срамно, неодговорно и несовесно.
“Додека фирмите ставаат клуч на врата, фамилијарната компанија “Де Лукс” на Бочварски, си добива милионски тендери од општинските институции.
Срамно, неодговорно и несовесно однесување!
Зборувајте ми за пазарна економија и едно општество за сите …”
-напиша Јорданов на фејсбук.
За ваквите обвинувања на опозицијата нема никаков одговор во јавноста ниту од ЕЛС Штип, ниту од самиот Бочварски.