Во рамки на повеќедневните протести кои се случуваат насекаде низ Франција, жолтите елеци ја заѕидаа портата на влезот од канцеларијата на Макрон во Париз.
Луѓето коу протестираа, впечатливи по своите жолти сигнални елеци по кои овие протести го добија своето име (Протести на жолтите елеци), донесоа се што требаше и со бетон и цигли го заѕидаа влезот на канцеларијата на Макрон.
Протестите се случуваат повеќе денови насекаде низ Франција како реакција на зголемената акциза и даночни давачки за горивата за моторните возила од страна на властите со што се напаѓа и онака намалениот животен стандард на граѓаните на Франција.