Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ воедно и претседател на Општинскиот комитет во Штип, Иван Јорданов остварија средба со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние и пратеничката во францускиот парламент Лилиана Тонги
Бочварски ги запознал амбасадорот и пратеничката за состојбите во Општина Штип како и за проектите кои се во тек и кои планираат да ги реализира локалната власт.
Тимоние и Тонги осварија средба и со преставници на опозицијата.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов на оваа средба ги запознал со актуелните политички превирања во државата како и со проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Општина Штип.