Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски во интервју за Алфа телевизија даде свое гледиште во врска со случувањата во партијата , односно со исклучувањето на високи партиски функционери.
“ Ако владејачкото мнозинство не го прифати законот за амнестија, тоа ќе значи дека не е вистина националното помирување што го понуди премиерот Зоран Заев, туку се е, и било, само во функција на обезбедување и задржување на овие 80 пратеници неопходни за промена на Уставот заради промена на уставното име. Но во меѓувреме, власта интензивно преговара за учество во ова тело на осуммината клучни гласачи за отворање на Уставот, а кои најавија собраниска егзистенција како „независни пратеници од ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Самиот состав на ова тело покажува дека главната цел на Заев не е национално помирување туку само задржување на двотретинското мнозинство, што е спротивно на мандатот што сите овие луѓе го имаат добиено од граѓаните.”
– вели во интервјуто Милошоски.
Милошоски беше запрашан за мислење за исклучувањето на Сашо Мијалков од партијата, каде тој одговори – Јас не сум дел, но знам дека членовите на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ едногласно одлучија, на тајно гласање, дека Мијалков треба да биде исклучен, и верувам дека докази за така да одлучат имале цврсти.
Тој додаде дека ваквите писма одат само во прилог на целите и мисијата на Заев за насилна промена на името. Долгогодишни соработници не треба да пишуваат писма, туку е подобро лично да поразговараат.
Сето друго му користи само на Заев.