Жителите на Колари се плашат од последиците кои може да ги предизвика мечката околу нивниот добиток, која неколку денови се движи и длабоко во селото околу куќите. Поради лошите временски услови за храна мечката слегла дури до селото, а селаните предупредуваат и дека е агресивна.
Сеуште селаните не пријавиле нанесување на штета но велат дека живеат во страв за бачилата но и за семејствата.


