Кога играш шах и кога гледаш друг како игра шах?!
Манекенки и научници имало и ќе има!
Мене стварно не ми пречат манекенките макар што за Избори математика е потребна а не сексипил и фејк дрес код!?
Порано се обраќав во говорите кон Народот!!
Не можам да кажам дека ова е зборот на луѓево оти живееме на педа земја и се знаееме де… Се знаеме сите!
А Сите тие веруваат во Зборот на други а не во Својот!
И како Тие другиве да им го почитуваат Зборот ако нема Дума, ако нема Беса, ако нема срце?
Свесни сте сега што направивте?!
Го заклавте патриотизмот како прасе во кланица, за да се обезбеди троа месеста зимница и малку мрсничко под газенцата да не шкрипи кожата од фотелјите…
Нема потреба од никакви дополнителни коментари и експликации!
Конзервативноста за Тие од Надвор беше проблем, оваа помалку вистинската… преку нив сите патриоти во Македонија вчера беа исмеани.
Додуша тоа беше и целта, кршење на се што е идеолошко и цврсто, и обид за создавање вештачка творевина, полоша ама попристапна за фри-шоп и деливери сервис, не пица бре…
Сработеното од поединците е репер за идните генерации.
Мојата лична цел преку колективната беше да создадеме паметни деца, образовани, експерти во своите области, ееее тоа се тие вистинските патриоти!!!
Мојата желба беше една светла иднина за колективот а не само личниот комодитет, ама затоа што цело време младите генерации како по обичај се споредувани со старите така и тука паднаа страстите на старата финта…
Ако таткото е алкохоличар не значи дека и синот ќе биде! – ама на кој да кажеш. Кажаново беше глобално размислување за колективот а не за поединци, групи и групации…
Кај нас Македонците победи неслогата а кај немнозинските победи желбата за доминација(оти по дифолт е така, едниот е пасивен а другиот активен)
Кога Македонецот ќе биде активен ќе биде и реализиран, тоа да си го ЗНАЕТЕ.
И да не префрлате вината само на политичарите!
Огледалото секој да си земе прво а шминката иде на крај!!
Оти така е реално, а во главите на некој можеби и вселенски станици има ама уште се вози со точак.
Да не ме разберете криво?!
Јас сум задоволен од Народот, но не и од системот на вредности кои истиот ги прифаќа…
Знам тешко ќе оди, ама друг избор и немаат Македонците…
Или ќе смениме менталната матрица на губитници во која плива цела нација или
ЌЕ НЕ НЕМА!!
И тука нема веќе дилеми. Е сега секој еден индиферентен ќе каже:Касно е!
Ама сепак тоа Ви е алтернативата. Други опции тенко ќе е.
Јас иако генерациски досега не успеав да ја доспасам Македонија не се чуствувам лошо бидејќи знам дека правам сѐ ….
И да, се гледам во огледало. Разните шпиони, научници, манекенки , порно-клиентелисти се оние кои го враќаат процесот на осознавање назад. Оние непрофесионални битија кои наместо на работа идат по кафани(тука нема НАШИ ВАШИ), оние дами кои наместо професионални задачи се договараат на други начини…
Е па, браќа и сестри сега дали ви е појасно каде е проблемот?
Додека ти ринташ на работа за скудна потпросечна плата на државно ниво друг цепа и фура мафијашки филм и му стига плата на десетти а од стручност нема Т а камоли С.
Ви се молам!!
Држава бараме?
Системот Ве лаже?
Немате идоли?
Сега цел свет ќе добие лажна претстава дека “северна” – готово, се помирила со себе и со “развојот” кој го носат некои продадени политичари кои глумат лудило и големина. Луѓе се и они ама не сте разбрале.
Плава крв нема, се е тоа фејк во главите на потчинетите и духовно слаби индивидуи.
Секој нека се запраша што се случи вчера?
Разочарани, ентузијасти, ладнокрвни, топлокрвни, ратни профитери, научници, стручните во државата особено… Сите до еден?! Репризите во недела ги даваа на времето. Ама истиот филм е бре Џезери!
Говорете ми пак за Македонија!?
П. С. И СЕ ДОДЕКА РЕКЕТАРИ СЕ ИДОЛИ НА ДЕЦАТА, НАМЕСТО ОБРАЗОВАНИ ЛУЃЕ нема потреба да читате непотребно предолги текстови?
Пишува: Гоце Марков


