Кога во Комисијата која ти ја води Кризата (светска пандемија) имаш директори наместо инфектолози и анестезиолози, кога доктори ти бегаат од јавно во приватно здравство, кога медицински сестри даваат откази поради мобинг, кога проектираната бројка за цела Криза од 2000 заболени, ти се случува во четири-пет дена…
Кога имаш еве пр.Кочани бројка од 15-20 заразени, континуирано седум дена на 35 000 жители, имаш огромен проблем според сите светски протоколи и формули…Имаш црвен аларм!
Кога здравствените работници сами обезбедуваат опрема, кога од ден на ден не се предвидува здравствената крива, кога до небо е вивната вертикално, наместо да паѓа?!Кога кубуриме со дијагностика а клиниките се преполни, кога испуштивме сто вагони со сто локомотиви, на толку погрешни чекори, на толку време да се реорганизира системот…Што следува??
П.С.А сезонскиот грип не е ни почнат??
Кризата е да се работи сложно и да се побара помош а не да си лечиме комплекси и фрустрации сите.Медицината тоа не го признава а Народот ќе страда а со него и ние.Не требаше вака!!Кога плафонот повеќе нема да го собира егото, е тогаш ќе биде доцна, ако веќе и…Поздрав Убаво Кочани!!


