Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со членовите на неговата делегација, Александар Николоски, Владимир Ѓорчев и Тимчо Муцунски во текот на Конгресот на Европската Народна Партија кој се одржува во Загреб, се сретнаа со голем број на претставници од останатите сестрински партии од цела Европа.
На средбите секаде е апострофирано значењето на членството во ЕУ за Република Македонија, како и стратешките определби на граѓаните кон евро-интегративните процеси.
Од суштинска природа за тој пат на Македонија за приближување кон ЕУ е воспоставување европски вредности во сите сфери на општествениот живо во државата.
Во разговорите со овие европски пријатели на Македонија од страна на Христијан Мицкоски и неговите соработници била истакната потребата за надминување на актуелните проблеми со кои се соочува Македонскиот народ со децении наназад за владеење на правото, економската стабилност и речиси на секое друго поле.
Во продолжение го пренесуваме известувањето за јавноста на Христијан Мицкоски упатено преку социјалните мрежи:
Во Загреб имав средба со потпретседателот на Европската народна партија и доскорешниот претседател на Европскиот парламент Антонио Тајани, со пријателот на Македонија и голем поддржувач, поранешната европарламентарка Маријана Петир, како и со Катја Леикерт од групата ЦДУ ЦСУ. Разговаравме за актуелните проблеми во Македонија, проблемот со криминалот, корумпираното судство, и стагнацијата на реформите. Побарав поддршка и продлабочена соработка која ќе донесе напредок на европските интеграции. Македонија мора да се издигне над ниските страсти на власта, нејзините лоши политики и популизмот кој е покритие на нивната нервоза поради престојниот пораз.
-информира Мицкоски.