Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Горанчо Тодоровски денеска на фејсбук упати јавна порака во врска со утрешниот ден на кој се одлучува за промената на името и идентитетот на Република МАкедонија.
Почитувани сограѓани и членови на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.
Утре е голем ден за нашата Република Македонија. Народот утре треба да даде јасен знак до цела меѓународна заедница за тоа дали со виткање на кичма и прифаќање на капитулантскиот договор ќе се откаже од идентитетот, од историјата и од трудот на сите претходници, или цврсто и сложно ќе продолжиме да градиме иднина како горди Македонци.
Во текот на утрешниот ден ќе бидете сведоци на опсада на градот од непознати луѓе, опсада од страна на луѓе кој ќе прават притисок и ќе ве тераат спротивно од вашата волја да исполните нечија зацртана агенда за која веројатно имаат дебело наплатено.
Знаете добро како да постапите, знаете каде да ги пријавите.
Но во никој случај НЕ ПАЃАЈТЕ НА ПРОВОКАЦИИ, НЕ ГИ НАВРЕДУВАЈТЕ ОНИЕ МАЛКУМИНА КОЈ СВЕСНО РЕШИЛЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СЕКОЈА СВЕТОСТ. Знаат дека нема да им помине и ќе се обидат да најдат виновници токму во нас/Вас.
Со ладни глави мора да прифатиме дека таквите и низ вековите ги раѓала нашата мајка Македонија, но сепак преживеала. Сите реагираме емотивно кога станува збор за иднината на нашата земја и нашата нација, но треба да дозволиме демократијата да се издигне над се. Тие не се научени на спроведување демократија, не се научени на почитување на волјата на граѓаните. Утре ние сите заедно треба да им покажеме како се сака Македонија!
Во понеделник сонцето повторно ќе изгрее и ќе се искачи високо над небото на нашата држава. Да не дозволиме зраците кој ќе продираат до нас да бидат оцрнети!
Со Господ напред, со верба во Бог, со верба во народот, утре се надевам дека ќе помине се во најдобар ред и на крајот на денот ќе се радуваме на поништувањето на договорот кроен по мерка на јужниот сосед.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Македонија!
-напиша Горанчо Тодоровски на фејсбук.