Професор Росоклија преку својот фејсбук профил одговори на прашањето – Колку понижување може да поднесе еден човек и еден народ. Тој тежината ја пренасочи на понижувањето, и константира дека или не поднесуваш понижување или го поднесуваш бесконечно.
“Или не поднесуваш понижување или го поднесуваш бесконечно…е мојот одговор. Mоралниот гнилеж инсталиран како власт, продолжува да не понижува пред светот, ширејќи гнилеж крстен ,,пат кон ЕУ”. Осумдесет години негувавме болно ткиво како основа на нацијата (луѓе на функции, академска заедница и национални институции кои тие луѓе ги водат), за денес, тој морален гнилеж да ја брише нашата македонска историја во чие создавање не учествувале.”
– Напиша Росоклија.