“Ако имаш библиотека и градина, имаш сѐ што ти треба”
Цицеро (106 – 43 пред новата ера)
Македонците, ,,благодарение“ на политички шљам од луѓе, на пат се да ја загубат ,,библиотеката“ (метафора за образованието, знаењето, способноста за логично размислување и аргументирано заклучување, историјата, корените), и од земја градина да создадат депонија за токсичен отпад и логор за луѓе непожелни во Европа.
******************************************************************
Кога го објавив овој пост, добронамерните ми рекоа дека претерувам.
Деновиве читам: 50% од учениците со завршено средно училиште се неписмени, земјата е претворена во депонија за токсичен отпад, економијата е во рецесија, задолжувањето е над 50% од БДП …
Фалат, не за долго, непожелните во Европа, за Маркус Тулие Цицеро да е потполно во право, “ако имаш библиотека и градина имаш сѐ”, но ако ги загубиш, ако го загубиш сето тоа што со генерации и низ историјата го создавале твоите претци, повеќе немаш ништо освен гол живот.