Мојот став за претседателски избори без парламентарни е, БОЈКОТ.
На претседателските избори заедно со парламентарните нема да гласам за ниту еден претседателски кандидат предложен од било која партија, што значи нема да гласам за никого.
Независен кандидат, без функции зад себе во било која партија или власт, со визија за Македонија, со јасен став дека нема да ги потпише незаконски изгласаните уставни измени, дека нема да ги потпише договорите со Грција и со Бугарија, кандидат со едуциран ум, ќе ја добие мојата поддршка.
Кандидат кој е помалку лош од другите не е доволно добар за потребите на Македонија.
И за да сум појасен, политичка функција никогаш не ме интересирала и не ме интерeсира, а секогаш кога ми била понудена сум ја одбил.


