Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска за денешниот ден има предвидено повеќе настани во рамки на својата кампања.
Во 16.00 часот Гордана Силјановска ќе го посети скопски Бутел при шшто ќе реализира средби со граѓаните, со кои ќе разговара за нејзината понуда како претседателски кандидат за претстојните избори.
Во 18.30 часот Гордана Силјановска ке одржи митинг во скопско Ѓорче Петров а вечерниот термин во 20.30 часот е резервиран за голем сенароден митинг во центарот на Куманово.