Во рамки на својата предизборна кампања во функција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски Радмила Шеќеринска денеска од Радовиш упати пораки поврзани со младите во државата.
Целата изјава за јавноста ја пренесуваме во продолжение:
Посетата на Радовиш денеска ја почнуваме со младите.
Заради тоа што, се ова што го работевме во последните година и половина е пред се и над се за нив. Да имаат повеќе шанси, да имаат повеќе отворени врати, да имаат повеќе можности.
Затоа, оваа година кога гледаме дека целиот процес на зачленување во НАТО носи плодови, oваа година кога амбициите ни се зголемени и во поглед на членството во ЕУ, оваа година кога гледаме дека рекорден број на странски инвестиции над 620 милиони влегоа во нашата држава и кога покажавме дека и со гаранцијата за млади, навистина, над 1800 млади во само три општини успејаа да добијат нова шанса за работа. Ова е година во која младите дефинитивно ќе добијат шанса нешто повеќе да направат и во својата татковина, во својот живот, во својата професија.
Навистина големи се можностите кои ЕУ ги носи пред се за младите. Преку програмата ЕРАЗМУС плус, илјадници млади и од нашата татковина ќе можат да добијат шанса да се школуваат, да се обучуваат во различни земји низ целиот Европски континент.
Сакаме нашите млади да ги имаат истите шанси кои ги имаат и младите во Бугарија, Хрватска, Словенија, Чешка, Полска, Франција. И затоа ова што го правиме, го правиме пред се и над се за нив.