По оваа пропагандна порака пласирана од Министерот за здравство на Република Македонија дека Македонските граѓани ќе добијат најквалитетни вакцини ако влеземе во ЕУ, на социјалните мрежи масовно се прошири паника помеѓу граѓаните со редица очигледни прашања.
Споделуваме дел од нив:
Здраво Влада на Република Македонија и Министерство За Здравство На Р.М. со што се вакцинираат децата до сега ???
Znaci da ne se vakciniraat deca dur da vlezeme
Сменето го името, инаку ќе ви ги боцкаме децата со отров.
Што, побогу, значи оваа порака?
1. Дека сега не се баш најквалитетни оние вакцини со кои се бодат децата?
2. Дека се квалитетни ама ги нема за сите деца?
3. Сменето го името инаку ќе ви ги боцкаме децата со отров?
Во период кога Светската здравствена организација апелира државите во Европа сериозно да поработат на нивото на вакцинирање заради рекордниот број на заразени од мали сипаници на континентот, овде од нај-најнадлежни инстанци се промовира скептицизам околу вакцините??
На коментарите на самата објава од надлежниот министер имаше и вакви коментари, на кои министерот се обиде да даде одговор.
А имаше и жестока реакција на твитер
@VenkoFilipce – прашувам:
1. Ако во ЕУ добиваме најквалитетни вакцини за сите наши деца:
– Квалитет на вакцините до сега?
– Беа достапни за сите деца?
2. Кампањата ќе ја водите на сметка на здравјето на децата?
Да ве потсетам Ева почина вчера чекајќи на вас и ФЗОМ. #Бојкотирам pic.twitter.com/MU9WyIzR11— Ana Dukoska #Бојкотирам (@dukoska_ana) August 22, 2018
Одлична поента! Сега не трујат а кога ке влеземе во ЕУ ке биде ОК!!!??? Затоа #Бојкитирам Затоа #Бојкот pic.twitter.com/nUHbqzYP1Q
— ав ав шарко (@mkdbane1) August 22, 2018