Партиските трибини кои што СДСМ сака да ги претстави како граѓански сепак во пракса се покажува дека се трибини на партиски послушници на актуелните власти, без ни грам критичко размислување кое би одело во прилог на подобрувањето на состојбите во општините и целосно во државата.
Драгана Спасевска која што во јавноста е позната како дел од движењето на родитетли кои што се спротивставуваат на образовните реформи на Мила Царовска и Зоран Заев, била највулгарно избркана од една таква партиска трибина на која можеле да присуствуваат само членови на СДСМ кои добивале пораки по мобилен телефон.
Погледнете го целото сведоштво на Драгана Спасевска упатено во јавноста преку социјалните мрежи после синоќешната трибина на СДСМ кои патем ги именуваат како “Најдоброто за нашата општина”.


