Градот Улу (Oulu) кој се наоѓа на северот од Финска на крајбрежјето на Заливот Ботнија во Балтичкото море, лансираше проект наречен “Безбеден Улу” со кој градот треба да се справи со кризата со силувањето на жени во Финска од страна на мигранти.
Во рамки на овој проект се спроведува медиумска кампања за подигање на свеста кај населението од оваа опасност. Како дел од оваа кампања е и видеоте кое што го пренесуваме во продолжение на кое на специфичен начин се вели:
“Стоп не ме допирај овде, ова е мојата не-не сфера”.
Ова видео наиде на голем број на реакции кои што се доминантно негативни и покрена поголема дебата во јавноста за тоа каде се трошат парите на даночните обврзници на финска и жителите на овој град.
Мојот роден град започна проект од 2.5 милиони евра наречен “Безбеден Улу” што има за цел борба со мигрантите за спречување на кризата со силувања.
Овде се трошат парите.
Убијте ме сега.
Или барем бидете љубезни да ме лоботомизирате, за да не морам да живеам со оваа слика во мојата глава.
-стои во статус на социјалната мрежа твитер, каде е развиена обемна дискусија во која корисници на оваа социјална мрежа велат:
-Значи идејата е ако сте 10 годишно девојќе заробено во стан со 10 попалени Ирачани, само кажете: Стоп не ме допирај овде, ова е мојата не-не сфера, и се ќе биде во ред? Немам зборови.
-Во Сад само ги застрелуваат на многу поефикасен начин отколку овој што воопшто тој и да треба да биде.
-Господе!
-Дали луѓево се навистина толку наивни?
– И ако овој спот не може да ги спречи мигрантите да ве силуваат, само испружете ја прво едната дланка па другата како во следниот видео клип кој што се споделува на информативната програма, тогаш сигурно силувачот ќе замине.
-Ова е навистина навредливо за жртвите на силување од мигранти.
-Жената со наочарите напред во видеото е поранеше социјал-демократски кандидат. Пред да избувне во јавноста скандалот со постоење на масовни силувања во финска, таа самата тврдеше дека бадите на мигранти-силувачи се само лага измислена од расистите.
-Мислам дека 2.5 милиони евра можат попаметно да се потрошат на други попродуктивни работи.
се само дел од коментарите на твитер во врска со оваа кампања.
Притоа Министерката за внатрешни работи на Финска Марија Охисало, соопштила дека оваа кампања може да послужи како пример за други фински градови како да се бори против се позачестените случаи на силување на државјани/ки на Финска од страна на мигрантите.


