Граѓанска иницијатива под името “Поинаку” упати повик за еколошка акција во недела со почеток во 10.00 часот во Битола, на социјалните мрежи, кој ние го пренесуваме во целост:
Градо е валкан. И покрај безброј слики и видеа и пријави од локации каде што има ѓубре, ЈП Комуналец спие. Затоа ние сами ќе си чистиме и ве повикуваме во недела на 16 Септември од 10 часот заедно да одредиме локација од каде ќе почниме со чистење.
До сабота во коментар праќајте слики и предлози за чистење. Локацијата која ќе има најмногу ѓубре ќе ја чистиме прва.
Молба до сите што се во можност да донираат најлонски кеси, нараквици, метли и лопати.
#nebidigjubre #bitolamozipoinaku